ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа со дебата по повод одбележување на Меѓународниот Ден на толеранција

Темата на годинешнава дебата е родовата (не)еднаквост или жените и нивното учество во „машките“ професии

November 12, 2019 13:45
in ДЕНЕС, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа на 14 ноември 2019 година, ќе организира дебата на тема „Родова еднаквост“ под наслов – Ние и Вие – рушење на стереотипи! Дебатата ќе се одржи на 14 ноември 2019 со почеток во 12 часот во ресторан Амбрела (ГТЦ).

Темата на годинешнава дебата е родовата (не)еднаквост или жените и нивното учество во „машките„ професии. Преку искуството и излагањето на секој од горенаведените говорници ќе можеме да извлечеме заклучоци по однос на ова прашање.

Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа е женска хуманитарна организација, која е дел од Inner Wheel International – организација која е основана во далечната 1924 година.

На дебатата ќе говорат:

Г-ѓа Ана Мартиноска – професорка, научничка во областа на фолклорот, литературата и културата, колумнистка на родови и културолошки теми

Г-дин Џабир Дерала – македонски писател, продуцент и новинар

Г-ѓа Снежана Лупевска Созен – новинарка и истражувачка.

Г-ѓа Јасмина Атанасова – професорка, архитектка, овластена проектантка, ревидентка и надзор од областа на архитектурата и противпожарната заштита

Г-ѓа Билјана Денчовска – првата жена пожарникарка во Македонија

Г-ѓа Зорица Петрова – првата жена лиценцирана машиновозачка во Македонија

Модератор на настанот ќе биде новинарот и активист Огнен Јанески.

Клубот Еуропеа е основан на 17 декември 2016 во Скопје и има 18 членки, секоја успешна и докажана во својата професија, со силен личен мотив за солидарност и помош на оние на кои им е потребна, со желба и можности за делување во рамките на нашето општество преку разни хуманитарни акции. Од основањето до денес, Еуропеа гордо стои зад бројни хуманитарни акции и акции за подигнување на свеста за општествено и хумано делување. Во оваа смисла, веќе трета година, Еуропеа го одбележува Меѓународниот Ден на толеранција кој почнувајки од 1996 година е годишно одбележување на толеранцијата под покровителство на УНЕСКО, а со цел генерирање на јавна свест за опасностите од нетолеранцијата. Денес, многу земји, владини и невладини организации, го одбележуваат овој ден преку организирање на разни настани и кампањи со цел подигање на свеста за потребата од толеранција, инклузија и интеграција на сите групи.

Next Post
Радмила Шекеринска / фото: Б. Јордановска

Шекеринска очекува неделава Протоколот за НАТО да биде ратификуван во Холандија, а до Лондонскиот самит и во Франција

Shortcut

Најново

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

November 2, 2026
Протести во Италија, 2026

Автентичните граѓански протести во Европа и пропагандата стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk