ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Поголема независност на општините во издавање одобренија за градба

Општините да добијат ингеренции да издаваат дозволи за градење и за линиски инфраструктурни објекти, стадиони и спортски сали со бруто развиена површина над 1.500 квадратни метри за кои инвеститор е државата, а изградбата е финансирана со средства од државниот Буџет, предвидуваат предложените измени на Законот за градење, кои денеска по скратена постапка, ги поддржа матичната собраниска Комисија

November 12, 2019 17:09
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општините да добијат ингеренции да издаваат дозволи за градење и за линиски инфраструктурни објекти, стадиони и спортски сали со бруто развиена површина над 1.500 квадратни метри за кои инвеститор е државата, а изградбата е финансирана со средства од државниот Буџет, предвидуваат предложените измени на Законот за градење, кои денеска по скратена постапка, ги поддржа матичната собраниска Комисија, пренесе МИА.

Во досегашната примена на законот, заради обезбедување поголема контрола и ефикасност во работењето, како и градење поголема независност на локалната самоуправа, се појавила потребата надлежноста на органот на државната управа надлежен за работите од областа на уредувањето на просторот за издавање одобренија за градење на одредени објекти да се префрлат во надлежност на градоначалниците на општините, односно градоначалникот на Град Скопје.

– Се согласувам со предлогот дека единиците на локалната самоуправа треба да имаат поголема независност и да им се овозможи ингеренцијата да издават дозволи за изградба на објекти од државен карактер, како што стои во член  58 став 5. Се надевам дека колегите ќе имаат ваков конзистентен став и при расправата за донесување на законот за урбанистичко планирање и нема да дозволат Владата да носи урбанистички планови туку тоа ќе им го препише на единиците на локална самоуправа, рече претседателката на Комисијата и пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуровска.

На седницата беше прифатен амандман со кој се предвидува вградување или замена на опрема во градба за внатрешна гасоводна инсталација по претходна согласност од надлежни органи за заштита од пожари, експлозии и опасни материи. Интервенцијата е на барање на Јавното претпријатие за гасоводни услуги од Куманово откако досегашната законска обврска им попречила активности на терен.

Законските измени ги поздрави и независниот пратеник Панчо Минов, кој побара пред распуштање на Собранието да се најде решение за статусот на објектите што не се завршени во законските рокови и се во фаза на карабина, односно не се целосно изведени според основниот проект.

Во Катастарот за нив не може да се впише правото на сопственост поради недефинираната површина, па тие објекти се оставени на забот на времето и со нив не може да се располага, ниту да се инвестира повторно. Со таков статус има и јавни и приватни објекти низ сите општини во држвата. Оодбренијата им се неважечки, но се бришат и сите евиденции во Катастарот и сопственоста. Ако сакаат да ги  активираат за нови инвестиции, дали за иста или друга намена наидуваат на проблем во делот на обезбедување сопстевност.

Минов бара да се утврди површината и таа да се впише како статус и право во Катастарот со забелешка, со што инвеститорот ќе има основ да реинвестира во обновена постапка.

Next Post

На судењето за „Трезор“ се репродуцираат снимки од главната расправа

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk