По реакциите во јавноста за новите предлог измени на Законот за јавни собири кои Владата ги предложи до Собранието на Република Северна Македонија, таа експресно ги повлече овие предлози, пренесе ЦИВИЛ Медиа.
„Владата на Република Северна Македонија ги слушна забелешките на граѓанските организации за најавените предлог-измени на Законот за јавни собири и на денешната 164-та седница одлучи да ги повлече предлог-измените со цел да се обезбеди поширока консултација.
Оттаму сметаат дека има простор за разговори и за подобрување на содржината со цел овозможување слобода на изразување на став на јавни простори низ јасно утврдени регулативи и исклучиво во согласност со Уставот на РСМ“, стои во соопштението на Владата.
Инаку, новите предлог измени го ограничуваат правото на протест и се во спротивност со Уставот на Република Северна Македонија.