ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Арсовска: Буџетот за 2020 година нема да го помогне стопанството, за директна поддршка за приватниот сектор три отсто

Во состојба на континуирани политички превирања имаше потфрлање на повеќе полиња во изминатата година, особено во делот на реализација на капиталните инвестиции, дополнително треба да се има предвид дека компаниите генерираат се помали добивки, вели Арсовска во пишаната изјава.

November 13, 2019 15:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Буџетот за наредната година е наменет за зголемувањето на платите во образованието, здравството и зголемување на пензиите, но не и како тоа ќе помогне стопанството и граѓаните да добијат подобри услуги, а трпат и капиталните инвестиции, смета претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска, пренесе МИА.

– Да почнеме најпрво со претпоставката за раст на економијата врз која се базира приходната страна на буџетот, веднаш се доведува во прашање целата негова конструкција. Во состојба на континуирани политички превирања имаше потфрлање на повеќе полиња во изминатата година, особено во делот на реализација на капиталните инвестиции, дополнително треба да се има предвид дека компаниите генерираат се помали добивки, вели Арсовска во пишаната изјава.

Оценува дека е нејасно врз кои параметри е базиран проектираниот раст од 3,8 отстоидната година со оглед на тоа што влегуваме во изборна година во првите шест месеци од годината до конституирање на нова влада се ќе биде во застој поради неизвесноста, доколку се одржат изборите во април 2020 година.

За начинот на кој се планира да се трошат буџетските средства оценува дека  можело да има поголема транспарентност со што ресорното министерство, преку широка стручна дебата ќе добиеше и инпут од засегнатите страни за тоа како да се подобри структурата на јавните трошења, но и за тоа колку приходната страна е реална.

-Од оние информации кои циркулираат во јавноста, заклучокот е дека буџетот е наменет за зголемувањето на платите во образованието, здравството и зголемување на пензиите, но не и како тоа ќе помогне стопанството и граѓаните да добијат подобри услуги, бидејќи системските проблеми нема да се решат на овој начин ниту ќе порасне продуктивноста на компаниите што го полнат буџетот за да можат да издржат повисоки плати и трошоци, вели Арсовска.

Од друга страна, потенцира дека трпат капиталните инвестиции, поле на кое, како што вели, се потфрли изминатата година, имајќи предвид дека имаме стратешка заложба за инфраструктурно поврзување на Македонија за побрз проток кое треба да остане во приоритетите, но и дека на овој начин се стимулира работата на над 20 стопански гранки.

Според Арсовска финансирање на трошења кои нема да стимулираат раст на продуктивноста и подобрување на условите за работа на субјектите во приватниот сектор, кој е двигател на економијата, е тешка одлука за која креаторите на буџетот ќе имаат одговорност не само пред вработените во јавната администрација и пензионерите, туку и пред приватниот сектот кој вработува 80 отсто од вкупниот број граѓани во државата.

-Од буџетот тежок 3,9 милијарди евра за 2020 година, 109 милиони евра или околу  три отсто се наменети за директна поддршка на приватниот сектор, истакнува Арсовска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Протест на студентите во Белград, бараат распишување предвремени избори

May 30, 2025
Фото: ВИ

Врховниот суд му дозволи на Трамп да депортира половина милион луѓе

May 30, 2025
Фото: Влада

Мицкоски од Будимпешта: Орбан ја промовира европската иднина, Трамп ја врати надежта

May 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали преку Алиу, Мицкоски сепак ги има ДУИ и Али Ахмети во владата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: ВМРО-ДПМНЕ или ќе ретерира па ќе одбере да ја враќа државата кон ЕУ, или ќе нè носи кон изолација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две фирми за фустани треба да опремат со униформи специјални единици на МВР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бугарското Собрание усвои резолуција во врска со напредокот на земјава во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk