ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Жерновски: Добиваме нови шест милиони долари од сукцесијата на поранешна СФРЈ

По четиригодишна пауза, денеска во Загреб се одржа петтиот состанок на Постојаниот мешовит комитет за примена на Спогодбата за сукцесија на поранешна СФРЈ, на која високи претставници од државите сукцесори ја анализираа примената на сите анекси што се составен дел на Спогодбата и ги разгледаа другите релевантни прашања во врска со овој процес, особено прашањата за поделба на средствата во мешовитите банки

November 13, 2019 17:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По четиригодишна пауза, денеска во Загреб се одржа петтиот состанок на Постојаниот мешовит комитет за примена на Спогодбата за сукцесија на поранешна СФРЈ, на која високи претставници од државите сукцесори ја анализираа примената на сите анекси што се составен дел на Спогодбата и ги разгледаа другите релевантни прашања во врска со овој процес, особено прашањата за поделба на средствата во мешовитите банки, пренесува МИА.

На овој состанок, како што соопшти денеска МНР, учествувал заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, кој е назначен за висок претставник на Република Северна Македонија во овој Комитет.

Високите претставници од државите сукцесори, застапувајќи ги интересите на своите држави, настојувале на состанокот да се постигне консензус за секое од прашањата кои биле предмет на дневниот ред, утврден со правилникот за постапување на Комитетот.

Заменикот министер Жерновски на состанокот го изнел интересот на Република Северна Македонија за доследна примена на претходно усвоените препораки на овој Комитет, инсистирајќи да се забрза процесот на поделба на дипломатско-конзуларниот имот на поранешна СФРЈ, потоа да се разгледаат и да се уредат прашањата со распределба на финасиските обврски и побарувања на поранешната заедничка држава, да се интензивира процесот на поделба на архивите, како и генерално да се унапреди и забрза работата на овој Комитет како надлежен за ефикасна имплементација на Спогодбата за прашањата на сукцесијата.

Жерновски, стои во соопштението, истакнал дека постојат евидентни резултати по однос на примената на Анексот Б, кој се однесува на поделбата на дипломатско-конзуларните имоти на поранешна СФРЈ. Република Северна Македонија, се посочува, очекува добивка од околу четири милиони американски долари од продажбата на објектите на резиденцијата и Мисијата во Њујорк на амбасадите во Бон и Берн.

– Ме радува податокот дека пред една недела е постигнат договор во рамките на Комитетот за Анексот В, за поделба на депозитите во “Адриа Банка” во Виена. Учеството на Република Србија во депозитите е намалено од 38 проценти на 20 проценти, на сметка на претходно еднострано користење на депозити од оваа Банка. Република Северна Македонија се очекува да добие околу два милиони САД  долари од оваа распределба, изјавил Жерновски.

На предлог на Жерновски и на македонската делегација, Постојаниот мешовит комитет на овој состанок усвоил неколку препораки до владите на државите сукцесори поврзани со активностите кои треба да се преземат заради унапредување на примената на Спогодбата за прашањата на сукцесијата.

Постигната била и согласност следниот состанок на Постојаниот мешовит комитет да се одржи во јуни наредната година во земјава.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во Карбинци ќе се градат патишта до три села

НАЈНОВО

Излезеноста до 9 часот во трите општини од Североистокот е 5 проценти

October 19, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Папата Лав XIV прогласува седум нови светци на Католичката црква

October 19, 2025
Скриншот

Мадуро: Ја завршивме изградбата на сите зони за целосна одбрана на земјата

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk