ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Азески: Пржинскиите влади го изместуваат нормалното функционирање

Потребен е вистински  дијалог за секое прашање со бизнисот, сериозност во тој процес од двете страни и предвиливост на бизнис климата, а не изместување на нормалното функционирање со формирање техничка влада според Пржинскиот договор три месеци пред изборите. Треба да се каже до кога ќе важат таквите одредби

November 14, 2019 15:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Потребен е вистински  дијалог за секое прашање со бизнисот, сериозност во тој процес од двете страни и предвиливост на бизнис климата, а не изместување на нормалното функционирање со формирање техничка влада според Пржинскиот договор три месеци пред изборите. Треба да се каже до кога ќе важат таквите одредби, порача денеска претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, пренесува МИА.

– Не мислиме дека како бизнис нашите решенија се идеални, знаеме дека сме само сегмент во целокупното живеење, но бараме сериозност во дијалогот. Не може однос во дијалогот да биде за структурно прашање да те викнат два часа пред објавувањето. Ти седиш во една сала и тие те консултираат, а веќе се „напрчиле“ на говорницата во другата сала и даваат прес-конференеција. Да не се лажеме, не сме деца, знаеме во какви услови сме, некогаш и ќе премолчиме, некогаш и ќе бидеме и покултурни од тоа што треба, но никој да не мисли дека тоа го одобруваме, рече Азески на панелот „Југоисточна Европа: Раст на неизвеснота или посветла иднина“ во рамки на 8. Самит „Македонија 2025“.

Во наредниот период, дополни, најпотребен е дијалог, решавање на прашањето на корупцијата и сивата економија и сериозност при предлозите на бизнис заедницата кои мора да бидат и од наша страна на највисоко ниво, на база на студии, анализи и истражувања. Има слабости и кај нас, тоа го признаваме, ќе го подобриме, но бараме посерозен пристап од сите, рече Азески.

Одговарајќи на новинарски прашања тој порача дека работењето на техничка влада според Пржинскиот договор претставува изместување на реалноста и нормалното функционирање.

– Поставуваме прашања до кога ќе имаме спроведување на одредбите на Пржинскиот договор и некаква неприродна ситуација три месеци пред изборите да формираме некои посебни влади со дополнителни заменици, со не знам нови премиери итн. Се е тоа изместување на реалноста и на нормалното функционирање. Значи ако било така е надмината ситуацијата и треба точно да се каже до кога тоа ќе важи за да имаме предвидливост. Вака ние се соочуваме и во ситуација сега после Нова година да имаме, ако се повтори она што го гледавме, дополнителни заменици министри коишто секој ден ќе држат прес-конференции против министрите, а овие ќе мораат после да им одговараат итн. Ќе имаме нефункционален технички премиер, рече Азески, на прес-конференцијата во рамки на Самитот.

Бизнисот, нагласи тој, сака предвидливост, треба да бегаме од предвремени избори, од вонредни конституирања на влади, од вонредни ситуации оти мислам така се пушта лош сигнал во светот за нешто што е необично. – Сега влегуваме во коалиции, во партнерства со фирми од најразвиената земја во светот и мислам дека треба да го почитуваме тоа и да се стремиме кон тие стандарди, нагласи Азески. 

Според Азески, и покрај најавените предвремени парламентарни избори и состојбите на германскиот пазар, може да очекуваме нормална година во економијата.

– Ќе биде стабилна, ќе се оди на изнаоѓање на определени решенија. Нема да биде година во која што сигурно ние ќе постигнеме резултати коишто ги очекуваме долго години на раст меѓу пет и седум отсто во тригодишен период за да се подигне нивото на животниот стандард. Сите параметри, јас сум добар познавач на балканските прилики, одат кон насока да зборуваат дека ќе нема намалување на економските и инвестициските активности на Балканот и покрај состојбите што се случуваат на германскиот пазар којшто е значаен за нас. За разлика од 2008 година тие се подготвени и одговорија предвреме на тие предизвици, укажа Азески.

Важно е, дополни тој, политичарите да организираат нормални избори кои верува дека ќе бидат мирни и ќе ја покажат реалната слика во државата. – Во едно сум сигурен, кој и да е победникот, која и да е коалицијата, нема враќање назад, бизнисот ќе биде приоритет број еден кај сите нас, нагласи Азески.

Порака дека бизнисот сака предвидливост упати и Ана Арсов, претседавач на Самитот Македонија 2025.

– Бизнисот сака владеење на правото, стабилност и предвидливост. Ние сме мала економија, истовремено сме млада демократија. Триесет години демократија во споредба со демократиите коишто се по 250 години е доста мал период. Нормално е дека треба да поминат некои работи на учење како да се биде тој баланс меѓу бизнисот и политиката. Целосно се согласувам дека бизнисот бара стабилност, бара една платформа, предвидливост на закони, предвидливост на атмосферата, на економските политики за да може да го донесе потребниот економски развој, рече Арсов.

Next Post

Работата на Дирекцијата за заштита на лични податоци пред блокада

Shortcut

Најново

Филипче: Арамиски концепт на владеење на Мицкоски – лаги, тајни постапки и милионски партиски тендери

September 10, 2026

ВИ-апокалипса? Предупредувањето не е пророштво

September 10, 2026
Томислав Османли. Фото лична архива

Нов расказ на Томислав Османли објавен во реномираното грчко книжевно списание „Трака“

September 10, 2026

Мицкоски тврди дека концертите чинеле нула денари, СДСМ обвинува дека се платени со народни пари преку Државна лотарија

September 10, 2026
Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk