ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ципрас: Сакам да верувам дека Европа многу бргу ќе ја сфати грешката со Северна Македонија

Сакам да верувам дека Европа многу брзо ќе ја сфати грешката што ја направи со Северна Македонија и сакам да верувам дека многу брзо ќе се смени одлуката, бидејќи оваа одлука не е вечна, вели лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас во интервју за локалната телевизија „Флеш“ од грчкиот град Кожани за време на неговата посета на градот

November 14, 2019 12:18
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Сакам да верувам дека Европа многу брзо ќе ја сфати грешката што ја направи со Северна Македонија и сакам да верувам дека многу брзо ќе се смени одлуката, бидејќи оваа одлука не е вечна, вели лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас во интервју за локалната телевизија „Флеш“ од грчкиот град Кожани за време на неговата посета на градот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на последните случувања и неодредениот датум од ЕУ и како тоа би влијаело на Договорот од Преспа, Ципрас истакнува дека неговата проценка е дека „договорот не е во опасност, а ако нешто е во опасност тоа е политичката стабилност во соседната земја“ и изразува надеж дека Европа многу брзо ќе ја сфати грешката и ќе ја смени одлуката.

– Според мое мислење оваа одлука беше погрешна и историски неточна, сепак, сѐ уште имам надеж дека оваа одлука ќе се промени и требаше грчката Влада да има главна улога за да се смени оваа одлука, но улогата ја имаат други влади, италијанската и други. Во секој случај, не сум загрижен за стабилноста на овој договор. Секако можеби господинот Мицотакис е загрижен, бидејќи ако дојде неговиот истомисленик, господинот Мицковски, ќе трча да го моли да не го оспори договорот, договор кој самиот го карактеризираше како штетен, рече Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА вели дека договорот не се оспорува, а можеби би се оспорил, „ако во иднина, во соседната земја победат националистите и на власт дојдат истомислениците на оние кои во Грција аргументираа против договорот“.

Паралелно тој упати критики до актуелната грчка Влада во однос на позициите за Договорот од Преспа, велејќи дека станува збор за „најголемата политичка хипокризија во последните години“.

Прашан за тоа дали, гледано од овој временски аспект, повторно би го потпишал Договорот од Преспа, Ципрас вели дека одлуката би била иста и објаснува дека тогаш бил свесен за политичката цена, но преферирал да ја преземе политичката цена за да и дадам можност на земјата да се ослободи од тешко нерешено прашање во надворешната политика.

– Сметам дека кога се наоѓаш на одговорна позиција и седиш на премиерската фотелја, во националните прашања не можеш да работиш врз основа на критериумот политичка цена. Патриотската одговорност што ја имаш како премиер е да носиш тешки одлуки, во корист на татковината и не секогаш со критериум партискиот интерес. Во оваа смисла, да, повторно ќе го сторев истото, веројатно, сега кога отпосле знам колку, моите политички противници го доведоа до крајност прашањето, можеби ќе ракував поинаку, но одлуката ќе беше иста. Одлуката ќе беше иста, вели поранешниот грчки премиер.

Тој објаснува дека од договорот и многу придобивки и големи придобивки за сите, но и за локалното население.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

July 25, 2025
Скриншот

Хоророт „Заедно“ се соочува со тужба за авторски права

July 25, 2025
Димитар Николовски

Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk