ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Сликички од галеријата на мракот

„Ноќта на долгите ножеви“ пред Државната изборна комисија во 2016-та... Транспарентите со крстови и умреници за амбасадорите и за нивните колеги во парламентот... „Тиранска платформа“... „Стоп операција Сорос“ (само што „воскресна“ повторно)... Стотици поворки, составени од малку луѓе и клупи откорнати од Паркот на Жената... Теророт и обидите за атентат врз пратеници и политички лидери на 27 април 2017... Офанзивата против Преспанскиот договор... Офанзивата против договорот за пријателство со Бугарија... Да набројувам ли уште? Листата е долга.

November 14, 2019 12:19
in КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Опозицијата има легитимно право да ја лови секоја грешка на власта и да ја критикува. Тоа е смислата на опозицијата во една демократија. Не е никаков проблем опозицијата понекогаш, ако не и секогаш, да претерува со критиките, од мравка да прави слон и да се служи со политичко-медиумски трикови. И тоа е дел од демократијата. Се разбира, кога претеруваат, треба да се носат и со ризикот да не бидат сфатени сериозно тогаш кога навистина има слон во продавницата за кристал, па сѐ да им се врати како бумеранг. Особено ако самите се виновни за тоа што го критикуваат. Знаете на што мислам, нели?

Освен тоа што е легитимно да се бори за власт и да користи сѐ што подразбира политичкиот натпревар, опозицијата е, како и сите други фактори, своевиден чувар на добрите практики и владеењето на правото, а особено на стратешките интереси на државата. Се разбира, ако се нормални.

Заклучоците се наметнуваат самите по себе, откако ќе се спореди тоа што се тврди во овие редови со било кое соопштение или јавен настап на вемерето. Да споменеме само неколку погубни „политички проекти“ на вемерето од мигот кога стана јасно дека нивниот режим се распаѓа како кула од карти…

„Ноќта на долгите ножеви“ пред Државната изборна комисија во 2016-та… Транспарентите со крстови и умреници за амбасадорите и за нивните колеги во парламентот… „Тиранска платформа“… „Стоп операција Сорос“ (само што „воскресна“ повторно)… Стотици поворки, составени од малку луѓе и клупи откорнати од Паркот на Жената… Теророт и обидите за атентат врз пратеници и политички лидери на 27 април 2017… Офанзивата против Преспанскиот договор… Офанзивата против договорот за пријателство со Бугарија…

Да набројувам ли уште? Листата е долга. Еве уште само неколку сликички од галеријата на гротеската, криминалот и насилието…

Екстремен национализам… Силна и богато платена црна кампања со лажни вести, дезинформации и говор на омраза… Лобирање кај меѓународните фактори за блокирање на ЕУ и НАТО интеграциите… Блокирање на реформите во правосудството (Закон за јавно обвинителство)… Спасување на Трајко Велјановски (извршител: ДУИ)… Отворена поддршка на напаѓачите на Собранието… Отворена поддршка на омразата… Блокирање на покачувањето на минималната плата… Блокирање на сите правосудни реформи со кои ја осуетуваат правдата и им застаруваат предметите…

За антимакедонската битка што ја водат и да не говориме. Еве уште неколку сликички…

Блиска соработка со структури и центри на моќта што ја доведуваат земјата во опасност каква што може и не може да замисли просечниот конзумент на политичкиот измет од вемерето… Барање предвремени избори, па бегање од нив… Инфилтрација и инструментализација (читај: тешка злоупотреба и корупција) на граѓанското општество, синдикатите, медиумите, образованието, институциите, безбедносните структури… Бел штрајк… Бескрајна, плачлива и мрачна тирада што невешто се обидува да го затскрие криминалното наследство кое и денеска го практикуваат до максимум.

Листата може да се продолжи со уште најмалку десет пати по толку и пак да не се заврши.

Тоа е жестока агенда, нема што! Една стотинка од трудот и парите што ги вложија во деструкција, да беа насочени за благосостојба на земјата, ќе бевме Германија. Со две стотинки, ќе ја поминевме…

Тука ќе застанам, бидејќи морам да останам во добро расположение, бидејќи овој „рафал“ го пишувам на 14 ноември, мој роденден…

 


Сите права се задржани. Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од Редакцијата FRONTLINE.MK
Next Post
Ана Анастасовска фото: Слободен печат

Дејан Андоновиќ: целата приказна за напад на новинари, критичари, нема врска

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk