Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле вели дека Преспанскиот договор не ни го обезбедил членството во НАТО, па додава:
Овие понижувачки договори не ни го обезбедија тоа што требаше да ни го обезбедат. Членството во НАТО е работа која што е започната од многу порано, уште во 2008 година.
Мицкоски негира дека најважен услов за членство во НАТО е Преспанскиот договор и промената на името. На забелешката на новинарката Катерина Блажевска, дека Столтенберг Генералниот секретар на НАТО, тој услов го посочува во секоја негова изјава, Мицкоски вели:
Не би рекол дека тоа беше услов. Не можам да се сложам дека е благодарение на тој Договор, но да, се бараше од страна на НАТО решение за проблемот кој што го имавме со нашиот јужен сосед.
Целото интервју на Мицкоски за Дојче веле, тука.