ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев во Солун на средби со Мицотакис и со грчки бизнисмени

Како што соопштуваат од кабинетот на премиерот на Грција, средбата ќе биде во 18.30 часот по локално време, а еден час подоцна Мицотакис ќе се сретне и со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

November 14, 2019 09:15
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува и ќе се обрати на четвртиот Самит во Солун, ќе одржи средби со голем број деловни луѓе од компании кои сериозно работат со нашите институции и ќе се сретне со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис, пренесе МИА.

Како што соопштуваат од кабинетот на премиерот на Грција, средбата ќе биде во 18.30 часот по локално време, а еден час подоцна Мицотакис ќе се сретне и со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

Премиерот Заев, вчера рече дека при обраќањето на самитот ќе ги информира присутните за сите предности што ги има во земјава.

-Сакам да го споделам чувството на задоволство, колку е голем интересот на грчките компании, особено за долната половина на државата поради близината на транспортот, рече премиерот.

Самитот во Солун се одржува денеска и утре во организација на Федерацијата на индустриите на Грција, во партнерство со Конфедерацијата за трговија и претприемништво и Американско – грчката стопанска комора, а е под покровителство на претседателот на Република Грција, Прокопис Павлопулос.

Заев на самитот е поканет заедно со претседателите на владите на Грција и Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов кои утревечер за време на официјалната вечера ќе говорат за „Југоисточна Европа: Иницијативи за регионална соработка и реформи“.

Во однос на средбата на премиерите на двете земји, заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката влада Стелиос Пецас, на редовниот брифинг со новинарите во вторникот, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на тоа кои ќе бидат темите и пораките на претстојната средба на Зоран Заев и Кирјакос Мицотакис во Солун, рече дека Грција работи за да се искористи временскиот период до повторното отворање на дискусијата во ЕУ, за во соработка со сите лидери на земјите од Западен Балкан да се постигне најдобар можен резултат на следната средба.

-На нашите средби, без разлика дали се средби во Грција со лидери на земјите од Западен Балкан или во Европа, ние секогаш се стремиме да инсистираме на нашата основна политика, дека е во корист и на Европа и на земјите од Западен Балкан, европска перспектива на Западен Балкан. Со оглед на тоа дека на Европскиот совет на 17 и 18 октомври во текстот со заклучоците го имавме фактот дека дискусијата одново ќе се отвори во следните месеци, ние работиме за да го искористиме овој временски период во соработка со сите лидери на сите земји од Западен Балкан за да постигнеме најдобар можен резултат на следната средба, рече Пецас.

Професорот од Универзитетот „Македонија“ во Солун и виш научен соработник и шеф на одделот за ЈИЕ во фондацијата за надворешна политика „ЕЛИАМЕП“ Јанис Армаколас, во неделата, во интервју за МИА, рече дека средбата на Мицотакис и Заев е „апсолутно позитивна разврска што означува одново активирање на грчката дипломатија во насока на поддршка на европската перспектива на Западен Балкан“.

Ова ќе биде втора средба на македонскиот и грчкиот премиер, откако првата ја одржаа во септември во Њујорк, во рамките на Генералното собрание на ОН.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Променливо облачно време со услови за краткотраен локален дожд

НАЈНОВО

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска маршираа по 27. пат

October 18, 2025

До 20:30 часот гласале 7.935 болни или немоќни лица, а до 18:30 часот 1.400 лица кои издржуваат казна затвор или притвор

October 18, 2025

ДИК отфрли четири приговори и прифати еден за заштита на лично избирачко правo

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk