ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Царовска: Го решаваме проблемот на лицата-фантоми

Љатифа Шиковска од „Амбрела“ вели дека е добро што за ова прашање конечно било донесено законско решение и оти конечно овие лица ќе добијат одредени социјални права и услуги.

November 15, 2019 14:56
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 700 лица ќе можат да ги остваруваат своите права за социјална и здравствена заштита, образование, засновање работен однос по донесувањето на Законот за невидентирани лица во матична книга на родени, кој го изготви Владата и треба да влезе во собраниска процедура, пренесе МИА.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која денеска го посети Ромскиот едукативен центар „Амбрела“ во Шуто Оризари, истакна дека со ова го решаваат долгогодишниот проблем на лицата неевидентирани во матична книга на родени, познати како фантоми.

– Овие луѓе премногу долго живееја на маргините на нашето општество. Со новиот Предлог закон кој го утврдивме на Влада им овозможуваме да ги остварат своите основни права. Право на здравствена и социјална заштита и редовен работен однос, а децата ќе можат да се вклучат во образованиот процес, истакна Царовска.

Таа појасни дека Управата за водење матични книги во соработка со Министерството на 1 април 2018 година објавиле јавен повик до сите лица кои живеат во земјава, а не биле евидентирани во Матичната книга на родени. Тие, рече Царовска, биле повикани да дојдат во канцелариите на матичните служби за да пополнат Прашалник во кој ќе ги наведат своите податоци. Јавниот повик траел до 1 ноември 2018 година и притоа биле пријавени 700 лица.

– Во минатите години се калкулираше со бројки од 400 до 4.000 лица. При објавување на повикот создадовме тимови од матичари, социјални работници и претствници на граѓански сектор, кои заедно теренски ги попишаа. Бројката до која стигнавме е 700 лица. Сега во регистарот има 700 лица кои со законот ќе ги решиме. Но, во моментот кога ќе се идентификува дека има и други луѓе кои не се евидентирани ни на овој повик, ќе го отвориме регистарот, тие ќе се евидентираат и ќе ги остварат правата. Ова е динамичен процес се додека не се затвори прашањето со овие лица во нашата држава, рече министерката.

Податоците од пополнетите прашалници се внесуваат во посебен Електронски регистер. Врз основа на овој регистер, Управата за водење на матични книги на овие лица ќе им издава привремен Извод на родени и МВР ќе им издава привремена лична карта. На овој начин ќе можат да ги остварат сите права кои им следуваат како граѓани на оваа држава. Остварувањето на овие права и овој статус овие лица ќе го имаат се до обезбедувањето на потребните документи за нивна регистрација во редовната матична книга на родени.

Љатифа Шиковска од „Амбрела“ вели дека е добро што за ова прашање конечно било донесено законско решение и оти конечно овие лица ќе добијат одредени социјални права и услуги.

– Се надевам дека процесот до трајно решение во наредниот период ќе биде убрзан. Ова се реализира со заедничка соработка со граѓанските организации и институциите без кои не би можеле да им помогнеме на овие луѓе. Од 700 лица за жал повеќето се деца. Нашата надеж и очекувањања во име на овие лица се тие час поскоро да ги добијат социјалните бенефиции и да се реши овој проблем, рече таа.

Од Здужението за млади правници, кои учествувале во изработката на законот, истакнуваат дека се гледало неговите одредби да бидат поприемчиви за поширока категорија граѓани кои се засегнати од овој проблем. Тие, како што посочија, ќе го наљудуваат процесот на донесување, но и на спроведување на законот и се надеваат дека од почетокот на наредната година да почне со решавање на првите случаи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп рејтинг

Њујорк Тајмс: Како судирот на Трамп со Харвард може да влијае на науката во светот

July 14, 2025

Во Берлин започна судењето на германски лекар обвинет за убиство на 15 пациенти

July 14, 2025
Охрид. Фото: Фронтлајн

Фронт 21/42 за одлуката на УНЕСКО: Политички „спас“ за Охридското наследство, додека на терен владеат криминал и корупција

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Објавена причината за смртта на актерот Џулијан Мекман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk