ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Сугарески: Очекувам реализација на капиталните инвестиции

Тој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, изврши увид во реконстуркција на државниот пат Смоквица –Удово.

November 15, 2019 15:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Силната инвестициска активност во инфраструктурата продолжува и во четвртиот квартал. Очекувам голема реализација на капиталните инвестиции, бидејќи во ресосорт транспорт четвртиот квартал е и најсилен, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при денешната работна посета на Валандово, пренесе МИА.

Тој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, изврши увид во реконстуркција на државниот пат Смоквица –Удово. Реконструкција на патниот правец е во должина од шест километри, а вредноста на инвестицијата е 46,3 милиони денари.

– Активностите врз целокупната инфраструктура во државата се одвиваат со силен интензитет. Временските услови се на наша страна со што ни овозможуваат добра и долга градежна сезона. Реконструкцијата на овој патен правец е од огромно значаење за населените места кои гравитираат кон Валандово и валандовско, бидејќи е еден од најфрекврентните и ги поврзува со автопатот. Со силна динамика продолжуваме и во наредниот период, имаме голема програма. Во овој регион планираме голема инвестициска активност за што во следната година се предвидени реконструкции на неколку регионални патишта, изјави Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов истакна дека овој пат е многу значаен бидејќи ги поврзува Валандово, Струмица со Коридор 10.

– Отпочнуавме со работа на патот од Валандово кон Фурка, од Фурка кон Николич и од Стар Дојран до граничниот премин со Грција. Во меѓувреме се работи и на подготовка на еден голем проект, а тоа е изградба на експресен пат од автопатот кај Смоквица до граничен премин Ново Село со Република Бугарија. За следната година само реахбилитации ќе имаме преку 1.200 километри, рече Китанов.

За градоначалникот Костадиновски реконструкцијата на овој пат е од огромно значење, бидејќи влијае врз развојот на регионот.

-Кoнечно приоритетите на граѓаните ги забележуваме и ги решаваме, така ги подобруваме и условите за живот. Патот директно не поврзува со автопатот. Овој крај најбрзо се развива во општината Валандово, а со рехабилитацијата на овој пат дополнително ќе го стимулираме развојот, истакна Костадиновски.

Next Post

Димитров очекува да продолжи поддршката од Латвија, Луксембург и Ирска за нашите евроинтеграции

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk