ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Топла клима и насмевки на средбата Мицотакис-Заев во Солун“ е еден од насловите на грчките медиуми за средбата Заев-Мицотакис

„Топла клима и насмевки на средбата Мицотакис-Заев во Солун“, „Заев го покани Мицотакис во Скопје“, „Зоран Заев: За нас не постои алтернатива од целосно членство во НАТО и ЕУ“, „Заев го покани Мицотакис во С. Македонија“, „Иницијативи на Мицотакис за Балканот“, „Мицотакис-Заев: Преспа, македонските производи и поканата“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми

November 15, 2019 12:34
in МЕДИУМИ, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

„Топла клима и насмевки на средбата Мицотакис-Заев во Солун“, „Заев го покани Мицотакис во Скопје“, „Зоран Заев: За нас не постои алтернатива од целосно членство во НАТО и ЕУ“, „Заев го покани Мицотакис во С. Македонија“, „Иницијативи на Мицотакис за Балканот“, „Мицотакис-Заев: Преспа, македонските производи и поканата“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за вчерашната средба на премиерите на двете земји, за која велат дека траела 40 минути и поминала во добра клима, јави дописничката на МИА од Атина.

Медиумите во Грција ги пренесуваат изјавите на македонскиот премиер по средбата, а акцентот го ставаат на упатената покана до Мицотакис да го посети Скопје, но и на иницијативите што планира да ги преземе претседателот на грчката Влада во однос на ЕУ перспективата на земјите од регионот.

„Многу конструктивна“ ја карактеризираше премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев средбата што ја имаше со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, на маргините на Самитот во Солун 2019. Говорејќи пред новинарите по неговата средба со грчкиот премиер, господинот Заев, меѓу другото, спомена дека во фокусот на разговорите се нашле европската иднина на неговата земја и пошироко на Западниот Балкан, од аспект на случувањата на последниот Европски совет, текот на имплементирањето на Договорот од Преспа и билатералните економски односи, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Информативниот портал „Њузит“ наведува дека Мицотакис му ветил на неговиот колега дека ќе му пристапи на Емануел Макрон со цел да се омекнат неговите спротивставувања и францускиот претседател да каже „да“ за пристапниот тек на двете балкански земји. – Грчкиот премиер ќе преземе иницијативи за стабилноста на Балканот, како што рече и на средбата со неговиот бугарски колега Бојко Борисов, пишува порталот.

Заев истакна дека неговата земја ќе го имплементира Договорот од Преспа, а го покани Мицотакис да ја посети Северна Македонија и изрази надеж дека ова ќе се случи набргу, но и дека до крајот на годината ќе има посети на Скопје на министри од грчката Влада, пишува онлајн изданието на весникот „То Вима“.

Паралелно, медиумите во Грција го пренесуваат и соопштението од кабинетот на Мицотакис, со оглед на тоа дека грчкиот премиер, по средбата, не даде изјава за медиумите.

На насловните страници на денешните изданија на грчките весници една од централните теми е вчерашната промоција на ознаката за грчките производи од грчката област Македонија.

Во однос на изгледот на ознаката, односно слоганот „Macedonia the GReat“ и буквата „М“ како ознака, испишани со бело на сина позадина, дел од онлајн изданијата на медиумите во Грција ги пренесуваат реакциите на Грците на социјалните мрежи, кои коментираат дека ознаката потсетува и е речиси иста со знакот на владејачката партија Нова демократија.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Илустрација

Изгорено машко тело најдено по пожар во импровизирана барака

НАЈНОВО

ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

October 14, 2025

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk