Едно лице загина во пожар што рано изутринава, околу 3:50 часот, избувна во импровизирана барака кај спортскиот центар во Тетово. Безживотното тело го пронашле пожарникарските екипи кои пристигнале на местото на настанот, објави Алсат М.
Случајот го потврди и Секторот за внатрешни работи во Тетово. Истрагата е во тек а, телото е испратено до Институтот за судска медицина во Скопје.
Според првичните информации, се претпоставува дека настраданото лице е бездомник.