ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Филипче: Разговараме со кофинансираните специјализанти и ќе најдеме решение за барањата

Имавме бројни состаноци со претставници на двата синдикати во здравството. Се направи една балансирана прераспределба на процентите на зголемување на основната плата. Ветувањето од 100 илјади денари во терциерното здравство согласно нашата програма ќе се оствари следната година. Ние ќе продолжиме со планот за одвојување средства и понатаму за да инвестираме и во докторите и во медицинските сестри заради тоа што тие се носителите на здравството

November 16, 2019 16:58
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на комисија за здравство на СДСМ и актуелен министер за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција говореше за зголемувањето на платите на здравствените работници во последните две години и рече:

За две години, како никогаш досега ги зголемивме платите во јавното здравство, затоа што знаеме дека без мотивиран здравствен работник не може да имаме ни задоволни пациенти.

Од февруари 2020 година, за 25% ги зголемуваме платите на лекарите специјалисти, додека пак за 10% на медицинските сестри.

Тоа значи, дека заедно со сите зголемувања од минатата година, платата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%. Вкупното зголемување на општите лекари е 25% и 15% на сите здравствени соработници.

На новинарското прашање за тоа дека откако е објавена одлуката за зголемување на платите во здравствениот сектор се појави незадоволство кај возачи, административен персонал и најавуват протести исто и здружение на медицински сестри бараат линеарно зголемување, а во понеделник протест најавуваат кофинансираните специјализанти, Венко Филипче одговори:

Имавме бројни состаноци со претставници на двата синдикати во здравството. Се направи една балансирана прераспределба на процентите на зголемување на основната
плата. Ветувањето од 100 илјади денари во терциерното здравство согласно нашата програма ќе се оствари следната година. Ние ќе продолжиме со планот за одвојување средства и понатаму за да инвестираме и во докторите и во медицинските сестри заради тоа што тие се носителите на здравството.

Во текот на изминатата недела имав состанок со кофинансираните специјализанти. Дозволете да ве потсетам дека Владата предводена од СДСМ е првата која одвои средства во 2018 година приватните специјализанти за прв пат да бидат платени за својот труд.

Тие до тогаш работеа практично без пари. Кофинансираните специјализанти се една посебна група која што има направено посебни договори заради тоа што преку специјализацијата тие имаат направено и договор на определено работно време.
Согласно Законот, кога ја завршуваат специјализацијата, нивниот работен однос се трансформира во работен однос на неопределено работно време.

Тоа што кофинансираните специјализанти на средбата од минатата недела побараа да се направи трансформација уште за време на специјализацијата за што во овој момент не постои законска можност а се со цел да го добијат зголемувањето на средствата кое сега го добиваат здравствените работници. Барањето е легитимно.

Ние договоривме дека ќе направиме неколку работни средби во рамки на Министерството со правната служба во рамки на нашата соработка со Фондот за здравствено осигурување и веројатно со пратениците со цел да се види каква е можноста тој Закон во тој дел да се промени.

Закажавме уште една средба за кога ќе ги имаме информациите во текот на следната недела за да видиме што и како можеме да направиме во однос на динамиката за тоа што следува во Собранието.

За протестот дознав во текот на вчерашниот ден, секое барање е легитимно, секоја одлука е легитимна затоа сакам да потенцирам дека имавме работна средба и преземавме обврка да ги расчистиме тие работи и закажавме нова средба за да видиме што може да се направи, затоа што станува збор за потреба од измена на Закон за здравствена заштита.

Ј.Ѓ

Next Post
Фото: илустрација

Насилството над жените од ромска националност зголемено за 25 проценти

Shortcut

Најново

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk