ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Независниот синдикат на полицијата бара подобри услови за работа и 25 отсто зголемување на платите

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска одржа протест пред Владата на кој побара да биде признаен за репрезентативен синдикат во полицијата, признавање на новиот колективен договор во МВР и Шумската полиција, подобри услови за работа и покачување на платите за 25 проценти во сите сегменти од полицијата, редовната, шумската полиција, затворската и во судската полиција

November 16, 2019 16:28
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска одржа протест пред Владата на кој побара да биде признаен за репрезентативен синдикат во полицијата, признавање на новиот колективен договор во МВР и Шумската полиција, подобри услови за работа и покачување на платите за 25 проценти во сите сегменти од полицијата, редовната, шумската полиција, затворската и во судската полиција, пренесува МИА.

Претседател на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев Тодев, порача дека се соочуваат со низа проблеми во работењето како незаконски прераспеделувања, притисоци врз членовите на нивниот синдикат да не излезат на протестот и изрекувања повеќекратни дисциплински постапки, поради што денеска се присутни, само претседатели на синдикалните организации и синдикални подружници на полициските станици и на граничните сектори.

Генералниот секретар на НСП Орце Коцевски, посочи дека бараат и подобри услови и права за подобар живот, владеење на правото конечно и во МВР, запирање на пресметката на синдикалните претставници на Независниот синдикат на полиција и на незаконските прераспоредувања во МВР.

-Денеска тука излеговме сите заедно и кажуваме „протестирам за конечно да добијам униформа, конечно да добијам достоинствена плата, за струја и вода во сите полициски станици, за соодветна заштита при работа, за професионалците конечно да бидат вреднувани зошто не чекам друг да ми ги реши проблемите, за враќање на достоинството во наведените институции, за нов модерен и европски колективен договор во полицијата и шумската полиција затоа што освен за нас, се работи и за нашите деца. Да не дозволиме да ги изгубиме нашите деца за да заминат во странство, рече Коцевски.

Изразувајќи благодарност до колегите од Синдикатот на српската полиција коишто им дадоа поддршка и присуствуваат на протестот, тој со порака и до министрите и до нивните подредени началници и командири, како што вели, да престанат со притисоците кои секојдневно ги прават кон вработените да не излегуваат на протестот, со на денот на протестот измислени обезбедувања, технички денови за чистење на оружје, ангажирање на ПЕР итн.

Дејан Саздов, портпарол на НСП кажа дека нивниот револт ќе продолжат да го изразуваат со барање за 25-процентно покачување на плата, вели, еднакво како и за останатите работници во државта.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската политичка сцена во Македонија се престројува пред изборите – нови сојузи, стари ривалства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk