Ова е скриншот од денешниот Фејсбук статус што го споделил првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески:
А подолу од текстот, е аудио снимката што порталот Публикум ја постираше во 2016 година и во која како што може да се чуе од краткиот аудио запис, истиот тој – Петар Ристески тогаш од позиција на директорот на болницата во Прилеп, ги предупредува вработените дека сите тие биле вработени во болницата не затоа што биле способни, туку затоа што биле партиски членови и дека ако биле способни ќе работеле во приватното здравство. Затоа, како што вели Ристески „да не си дозволиме да имаме проблеми“.
Интегрален текст од аудио записот:
Излегла партијата во пресрет на сите, ни дала парче леб. Ако сме биле способни, можеме да бараме во приватно здравство, не знам други работи да си работиме, не требало од партијата да бараме вработување ако не ни е битно или ако сме биле способни. Никој овде не е вработен од шо е многу способен, туку од шо е партиски член. Да не си дозволиме да имаме проблеми…
Со кои точки од статусот што го постирал Петар Ристески, не се согласува со Петар Ристески од разговорот што го слушаме на аудио снимката:
1. Функцијата треба да му служи на народот
3. Квалитетот пред сè
или со 4 – Администрацијата да се ослободи од стегите
На кој Петар да му веруваме господине претседател Ристески?
Ј. Ѓорѓиоски