ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

По пожарот „Маслодајна“ спогодбено се обврза да плати 50.000 евра

Раководниот тим на велешката Фабрика за масло „Благој Ѓорев“се обврзал во рок од 15 дена да плати глоба во износ од 50 илјади евра во денарска противвредност поради пожарот во силос полн со 400 тони пелети од сончогледови лушпи, што изби на 27 септември годинава

November 18, 2019 18:54
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
фото: sdk.mk

фото: sdk.mk

Share on FacebookShare on Twitter

Раководниот тим на велешката Фабрика за масло „Благој Ѓорев“се обврзал во рок од 15 дена да плати глоба во износ од 50 илјади евра во денарска противвредност поради пожарот во силос полн со 400 тони пелети од сончогледови лушпи, што изби на 27 септември годинава, пренесе МИА.

Во пожарот, кој тлееше една недела, изгореа 400 тони пелети, што предизвикаа црн чад и тешка реа кои им го нарушуваа здравјето на велешани, а  кои поради тоа  остро реагираа во јавноста. Со брза и правилна  интервенција на Противпожарната единица од Велес беше избегната и поголема катастрофа, бидејќи можеше да дојде до поголема експлозија во силосот и загрозување на околните згради и куќи.

Како што денеска информира од Општина Велес, спогодбеното плаќање на „Маслодајна“ било договорено на седницата на Комисијата за спогодување  при Министерството за животна средина и просторно планирање одржана на 13 ноември, на која присуствувале претставници од А.Д. „Благој Ѓорев“ и  овластениот инспектор за животна средина на Општина Велес, Билјана Шуркова Манаскова, која и ја водеше инспекциската постапка.

Како што денеска појаснија од Општина Велес спогодбата има сила на извршна исправа. Покрај ова, на одговорните во правното лице, односно извршниот директор на А.Д. „Благој Ѓорев“ и одговорниот претставник за животна средина им се изречни казни од по 15.000 евра во денарска противвредност, кои ќе се извршат доколку во рок од една година од денот на склучување на спогодбата тие сторат нов прекршок од областа на животната средина.

Според општинските власти, „Благој Ѓорев“ се уште нема Б интегрирана еколошка дозвола, но фабриката работи врз основа на тоа што има дозвола за усогласување. За добивање Б интегрирана еколошка дозвола постапка е започната во 2013 година, а пречка се трите котли на фабриката од кои два работат на мазут, а еден на пелети од сончогледови лушпи.

Инаку за време на пожарот во еден од силосите каде беа сместени пелетите од сончогледови лушпи кои се самозапалија, неисправна беше сондата која ја мери температурата.

Поради нејзината неисправност,  не можело да се реагира навреме, информираше тогаш  инспекторката Шуркова Манаскова, која по пожарот направи увид и надзор во запалениот силос на „Маслодајна“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје бара лидерство: СДСМ со визија, ВМРО со калкулации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk