УХМР за утре најавува дожд, локално пороен, грмежи и засилен ветер со брзина од над 60 километри на час, пренесе МИА.
Врнежите се очекува да бидат пообилни во југоисточните делови и да достигнат над 35 литри на метар квадратен.
Утринските температури ќе се движат од шест до 14 степени, а дневните од 10 до 16 степени.
Потоа, во текот на неделата, следува период на променливо облачно време со магла по одделни котлини.