ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Родителите на деца насилници ќе одат на советување

Она што загрижува е дека 27 отсто од учениците веќе неколку години постојано се изложени на насилство, и тоа 34 отсто од девојчињата, а 23 отсто од момчињата. Насилство се случува на игралиштата, во училниците, на пат кон училиште, на училиштните скали.

November 19, 2019 13:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Откако „Мета“ објави фрапантни бројки за физичко, психичко и сајбер насилство во училиштата меѓу учениците, прашавме во Министерството за образование и наука (МОН), дали и што преземаат за истото да се намали. Оттаму ни одговорија дека со новиот Закон за основно образование, кој е на сила од оваа учебна година, предвидена е едукација и во и вон наставата, од која, oсвен вработените и учениците, ќе бидат дел и родителите на децата. Алармантен е податокот дека во основните училишта во главниот град, безмалку една третина од учениците постојано трпат секаков вид насилство.

– Со новиот закон во член 5, е уредено дека вработените во основните училишта се должни да промовираат еднаквост меѓу сите ученици и активно да се спротивставуваат на сите облици на дискриминација и насилство. Училиштата се должни во годишните програми за работа да планираат и програми за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, од злоупотреба и запуштање, спречување дискриминација. Активностите ќе се остваруваат низ различни наставни и вон наставни активности со учениците, вработените, родителите, односно старателите на децата во соработка со општините, согласно утврдените потреби од страна на училишниот одбор, советот на општината или педагошката служба – информираат од Министерството.

Во член 65 – а, додаваат во МОН, е утврдено дека директорот на училиштето е должен да го пријави секој облик на насилство, злоупотреба или занемарување сторено врз ученик од страна на друг ученик, родител односно старател, наставник, стручен соработник или кое било друго лице кое е вработено во училиштето, до надлежните во Државниот просветен инспекторат.

– Постапката за пријавување и заштита на ученик-жртва на било која од формите на насилство, злоупотреба и занемарување се утврдуваат со подзаконски акт предложен од Бирото за развој на образованието, а донесен од министерот. Исто така предвидени се и програми за советување на родителите, меѓудругото и доколку учениците учествуваат во разни форми на насилство, со цел истото да биде елиминирано. Овие одредби, секако ќе бидат дел и од новиот Закон за средно образование кој во следниот период ќе биде изработуван – велат во МОН.

Професорката Софија Арнаудова од Филозофскиот факултет, заедно со семејниот советник и лиценциран психолог Фросина Денкова Зафировска, истражуваа колку насилството е дел од секојдневието на учениците.

Она што загрижува е дека 27 отсто од учениците веќе неколку години постојано се изложени на насилство, и тоа 34 отсто од девојчињата, а 23 отсто од момчињата. Насилство се случува на игралиштата, во училниците, на пат кон училиште, на училиштните скали.

Целиот текст можете да го прочитате на „Мета“.

Next Post
фото: sdk.mk

Даути го посочува Судот, а не неговите „финти“ за одолговлекување на постапката за „ТНТ“

Shortcut

Најново

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk