ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дескоска: Мора да има прочистување на судството и обвинителството

– Ветингот не го спроведува извршната власт, туку на експертско ниво мешовита комисија, во која што во многу земји учествуваат и меѓународни претставници како гарантори на процесот, рече Дескоска.

November 21, 2019 14:27
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека се залагаат за ветинг и оти чесните судии и обвинители не треба да се плашат од злоупотреби при спроведување на тој процес, пренесе МИА.

– Ставот јасно се кристализира дека се залагаме за ветинг. Мислам дека не треба да има стравување ниту кај чесните судии, ниту кај чесните обвинители за некаква злоупотреба при процесот на ветингот, изјави денеска министерката Дескоска по одржувањето на  конференцијата на тема „Улогата на жените во сочувувањето на мирот и безбедноста и Резолуцијата 1325“

Посочи дека има меѓународни примери за спроведувањето на ветингот.

– Ветингот не го спроведува извршната власт, туку на експертско ниво мешовита комисија, во која што во многу земји учествуваат и меѓународни претставници како гарантори на процесот, рече Дескоска.

Додаде дека веќе созрева не само во рамки на Владата, туку и генерално во државата сознанието дека мора да се направат чекори за побрзо прочистување на судството од неквалитетни и непрофесионални судии, а секако тоа се однесува и за обвинителството.

– Останувам на ставот дека е многу побитно да имате чесни и професионални судии и обвинители, отколку да ги има а да не си ја вршат работата како што треба. Тие носат поголема штета, отколку што би било забележано како штета нивното оптсуство во судството, рече Дескоска.

Таа додаде дека поддржува се што може да значи исчистување на политичката сцена, на државната сцена од луѓе кои се корумпирани, кои се непрофесионални, кои имаат врска со мафијашки и други кругови за да се донесе поголем квалитет.

Министерката за правда не сакаше да ја коментира смс пораката на обвинителката Вилма Рускоска дека ќе поведе финансиска истрага против судиите од Апелацискиот суд, кои донесоа одлука поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет“, да излезе од притворот во Шутка и да издржува куќен притвор, ги налути апелациските судии.

– Од позиција на министер за правда не смеам да коментирам ниту судски, ниту обвинителски одлуки, случаи, ниту пак изјави од обвинители. Генерално сите гледате што се случува изминатиов период во судството и обвинителството и мислам дека веќе сите се свесни дека и кај нив треба да се случуваат реформи, истакна Дескоска.

Next Post

Работна група со земјите од регионот за полесно справување со аерозагадувањето

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk