ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Работна група со земјите од регионот за полесно справување со аерозагадувањето

Директорот на Светска банка за Северна Македонија и Косово во рамките на регионот на Европа и Централна Азија Марко Мантованели истакна дека се проценува оти 4,2 милиони луѓе умираат од аерозагадувањето секоја година.

November 21, 2019 14:36
in ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Покренуваме заедничка иницијатива со земјите од регионот со поддршка на Светска банка да направиме една работна група што ќе се справува полесно со аерозагадувањето, изјави заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули на денешната регионална конференција „Управување со квалитетот на воздухот (AQM) во регионот на Западен Балкан – Прашања, решенија и можности за финансирање“ на иницијатива на Светска банка, пренесе МИА.

– Бидејќи сите земји од регионот имаат заеднички и слични проблеми и од начинот на затоплување, и од индустријата, степенот на развој и од состојбата со изворите на енергија што се користи, сметаме дека е полесно доколку заеднички настапиме не само во делот на активностите, туку и во мобилизирање на финансиски средства за справување со истите, рече Макрадули.

Додаде дека паралелно работат на трите приоритети што биле нагласени од страна на Светска банка, односно во делот на анализа, мониторинг, собирање податоци и привремено решавање на овој проблем со организирање прочистувачи за најранливите категории на граѓани.

Директорот на Светска банка за Северна Македонија и Косово во рамките на регионот на Европа и Централна Азија Марко Мантованели истакна дека се проценува оти 4,2 милиони луѓе умираат од аерозагадувањето секоја година.

– Регионот Западен Балкан не е исклучок, заболувањата, смртноста од загадувањето на воздухот се на врвот на овие причински фактори. Оваа агенда е на врвот на приоритетите на СБ како и на владите во регионот. Така што, нашата заложба тука е да помогнеме на владите, на Владата на Македонија да преминат на конкретни чекори на терен. Ова е сложено прашање кое што бара координирани решенија како на национално, така и на локално ниво, како во јавниот, така и во приватниот сектор, така што ја поздравуваме оваа иницијатива и се надеваме дека ќе изнајдеме конкретни решенија – помош со финансирање за да се помогне на граѓаните на Западен Балкан, рече Мантованели.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk