Маж влегол во средно економско училиште во Србија и почнал да пука со автоматска пушка.
Како што јавуваат српските медиуми, за среќа никој не е ранет во пукањето.
Имено, мажот, кој најверојатно имал психички проблеми, утрово влегол во училиштето во Велика Плана, во близина на Смедерево, и на два пати пукал. Професор во училиштето успеал да го совлада, а кај него биле најдени и рачна бомба, пиштол и експлозив.
Наводно, мажот е со психички проблеми и имал намера да држи ученици како заложници, но за среќа пресретната е неговата намера.