ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Заев: Јазикот и писмото се најсилни основи на националниот идентитет

Премиерот Зоран Заев вечерва се обрати на свечената академија по повод 22-ри ноември – Денот на албанската азбука.

November 23, 2019 00:12
in ОПШТЕСТВО
Зоран Заев (Фото: Б. Јордановска)

Зоран Заев (Фото: Б. Јордановска)

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот  Зоран Заев вечерва се обрати на свечената академија по повод 22-ри ноември – Денот на албанската азбука.

-Ми претставува посебна чест што Ви се обраќам на оваа свечена академија посветена на чествувањето на 22-ри ноември – Денот на албанската азбука, кога се одбележуваат 111 години од одржувањето на „Битолскиот конгрес“, свикан за да се усвои унифицирано албанско писмо. Уште повеќе ме радува фактот што вечерашната свечена академија во чест на овој значаен настан од историјата на албанскиот народ и од историјата на Република Северна Македонија, е само еден од низата настани организирани со голема почит овие денови, по повод Денот на албанската азбука, со што уште еднаш ја потврдуваме определбата на Владата за почитување и унапредување на етничката и културната разноличностш рече Заев.

Денот на азбуката се смета за еден од клучните настани во историјата на албанскиот народ, истакна премиерот Заев, ден кога албанското писмо преку унифицирање и стандардизирање на азбуката стана рамноправен дел од модерно формираните европски писма и дел од разноличното светското културно наследство.

-Во градот на конзулите, Битола, избран за седиште на овој конгрес, кој се одржа од 14 до 22 ноември 1908 година, се собрале сите истакнати личности во културниот и политичкиот живот од почетокот на 20 век, претседателот на Конгресот, Митат Фрашери и потпретседателите Луиѓ Гуракучи и Ѓерѓ Киријази, претседателот на Комисијата Ѓерѓ Фишта и други истакнати личности како ‘Ндре Мједа, Шахин Колоња, Сотир Пеци, Бајо Топули и единствената жена на Конгресот Парашчеви Чиријази, за да направат уште еден чекор во албанската култура и историја и да ја усвојат азбуката составена од 36 латински букви, којашто е во употреба до ден денес- рече Заев.

 

Сведоштво за важноста на „Конгресот во Битола“ – “Kongresi i Manastirit”, освен големиот број на делегати и албански интелектуалци, се и експонатите во поставката на Музејот на албанската азбука во Битола, каде се наоѓа одлуката за единствено, стандардизирано албанско писмо.

-Поставката се состои од 56 фотографии и повеќе од 230 дигитални и хартиени документи, меѓу кои и првиот пишуван запис на албанскиот јазик од Пал Енџели од 1462 година.Оваа година се навршуваат и 50 години од објавувањето на читанките за настава на унифицираниот, стандарден албански јазик. Читанките на авторите Хаџи Фида, Хамза Река и на Муса Арифи, како и авторот на букварот Џеват Гега, се вградени сите заедно во афирмацијата на албанскиот јазик, образованието и во негувањето на културните вредности на албанскиот народ- рече Заев.

Јазикот и писмото, истакана Заев, како најсилни основи на националниот идентитет преку кои се чува и се афирмира духовното наследство, претставуваат и потенцијал за општествена интеграција, образование и развој на една заедница која не може да опстојува изолирана и самодоволна.

Во таа насока наша должност и одговорност не е само  да ги почитуваме, чуваме и негуваме етничките, националните, верските и културните разлики на секоја заедница, туку да го искористиме тој потенцијал за да се воспостави  комуникација, разбирање, толеранција и заедништво. Одбележувањето на културните традиции, датуми и духовни наследства на другиот, придонесува кон градење на едно и единствено општество, за сите,  со проевропска и просперитетна иднина. Тоа е посебноста и суштината на нашето заедништво. Нека ни е честит Денот на албанската азбука- рече Заев.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: МИА

Премиерот Мицкоски на промоција на реконструираниот музејски комплекс во Заливот на коските на брегот на Охридското Езеро

July 12, 2025

Американското Министерство за правда отпушти уште девет вработени кои воделе истраги за Трамп

July 12, 2025
Фото извор: Укринформ

Зеленски: Русите синоќа ја нападнаа Украина со 26 крстосувачки ракети и 597 дронови, убиени се две лица

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk