пишува: РИБАРО
Мицко се пофалил на Инстаграм како се вози со јавен превоз.
Аха, и имаш одма во хор наслови на вмронските порталите „Мицкоски се возел со јaвен превоз“. Паѓаат во транс, па прават споредба како тоа го прават политичарите во Скандинавија и друг нормален свет, а еве сега види чудо од човека и наш Мицко исто се возика со трамвај.
Аха, ама пази ваму, Мицко не се возел со јавен превоз во Скопје, туку во Прага. Ќе погодуваме зошто Мицко не се вози со „нашите трамваи“ што ни ги донесе Коце жута чизма во неговиот 8 години долг мандат?
Дописникот на АХА! од Прага, присутен на лице место, кажува дека уствари ситуацијата во трамвајот била следна:
Мицко ја замолувал госпоѓата од Прага што седи, ако може да му отстапи место оти го болеле колената, и и’ објаснувал од каде му е болката – се жалел завалијата дека морал да се влечка по коленици по митинзи и слични дешавки, за да ја искаже веродостојно љубовта и почитта кои ги гаи спрема својот присутните граѓани.
За другите интимни муабети што манијачки и ги нафрлал Мицко на госпоѓата и како после тоа машино-возачот го исфрлил на клоци Мицко на наредната станица, во друга прилика.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK