Поради градежни работи, терминалот во Ново Лисиче нема да биде во функција и времено ќе биде преместен на постојката кај основното училиште „Лазо Ангеловски“, соопшти ЈСП.
Возилата од автобуските линии 5, 15, 15А и 35 за почетна и крајна станица ќе ја користат посочената локација.
Времениот режим ќе важи до завршување на градежните работи кои се причина за поместување на терминалот, стои во соопштението.