ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Швајцарија ќе го поддржи спроведување на изборните реформи со 12 милиони швајцарски франци

Меморандумот за соработка за поддршка на изборните реформи денеска во Владата го потпишаа премиерот Зоран Заев и швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада од име на Швајцарската агенција за развој и соработка.

November 25, 2019 14:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Зајакнување на институции вклучени во изборни процеси, внатрешно демократизирање на политичките партии и едукација на граѓаните треба да овозможи програмата „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ поддржана од Швајцарија во вредност од 12 милиони швајцарски франци, која ќе се спроведува во земјава во наредните 10 години.

Меморандумот за соработка за поддршка на изборните реформи денеска во Владата го потпишаа премиерот Зоран Заев и швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада од име на Швајцарската агенција за развој и соработка.
Премиерот Заев по потпишувањето на документот изјави дека реформирањето на изборните процеси во согласност со демократските принципи и човековите права е приоритет на Владата, а основната цел на програмата е спроведување демократски и кредибилни избори, кои ќе овозможат политичко учество на гласачите преку избор на нивни претставници од кои ќе се бара отчетност.
-Како Влада секогаш сме отворени за сериозни и суштински реформи во изборниот процес. Нам ни е многу важно граѓаните да бидат мотивирани да учествуваат во демократскиот процес, да бидат мотивирани да гласаат на изборите и да веруваат во изборниот систем. Ние сме подготвени да ги спроведеме сите препораки на ОБСЕ и ОДИХР за подобрување на изборниот процес на наредните парламентарни избори во април 2020 година. Сакаме да одиме секако и чекор понатаму, бидејќи за нас фер, демократски и слободни избори се стандард кој веќе го достигнавме на претходните одржани локални и претседателски избори, но тука не треба да застанеме, рече Заев.
Тој потсети дека оваа Влада е отворена за дебата за промена на изборниот систем и воведување на една изборна единица, отворените листи и систем кој ќе овозможи поголема претставеност на граѓаните во Парламентот и поголема мотивација за учество на изборите. Ја поттикнуваат и охрабруваат, рече, и дебатата за 50 – 50 рамноправна застапеност на двата пола на изборните листи, што дел од политичките партии во државата веќе ќе го применуваат овој модел, и рамноправната застапеност да се налага со системски решенија.
Важна е и севкупната демократизација на политичките партии, којашто за нас е од суштинска важност кон патот за демократизација на општеството и државата со единствена цел – враќање на политиката кај граѓаните и отворање на политиката како можност за секого.
Пред нас се клучни избори во април 2020 кои ќе го одредат натамошниот пат на државата и кои ќе ја потврдат Северна Македонија како одличен пример за фер и демократски избори во последните три години. Благодарни сме на Швајцарската амбасада која со овој проект отвори можности за десетгодишна реформа на изборниот систем кој ги опфаќа сите клучни институции, сите политички партии и сите битни фактори од граѓанското општество. Ваков сеопфатен проект не сме имале и тој неминовно ќе има сериозни политички и позитивни ефекти во нашата земја.
Амбасадорката Сутер Техада рече дека ова е уште една голема поддршка за демократското управување, за демократизацијата на Северна Македонија, бидејќи сакаат да го зацврстат, да го подобрат целиот процес на избори.
-Проектот ќе биде спроведуван од ИФЕС, заедно со Националниот младински совет. Ние сакаме да ги внесеме младите луѓе во политиката, да ги задржиме, да ги информираме за да знаат дека политичките партии треба да одговараат пред нив и да знаат што тоа значи за нив. Сакаме да бидат активни во поддржувањето на изборниот процес. Посакувам овој проект во следните 10 години да направи некаква разлика, затоа што Швајцарија е мошне активна во демократизацијата на оваа земја, рече амбасадорката Сутер Техада.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Госпоѓо ве молам станете ме болат колената

НАЈНОВО

Лина Ѓорческа триумфираше на турнирот во романскиот град Слобозија ,

September 7, 2025

Фабриката „Винчини“ во Виница зафатена од пожар

September 6, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ на протест во Кочани: Бараат правда и брза судска одлука

September 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Бујар Османи: Или сме во ЕУ, или стануваме дел од српско-рускиот свет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk