Актерот Зоран Љутков, од прес-говорницата на ВМРО-ДПМНЕ остро го осуди односот на навивачите „Шверцери“ во Македонскиот народен театар и побара одговорност.
„До каде оди лудилото на оваа власт. Одговорност мора да има и од министерот за култура, заменикот. Низ МНТ поминуваат големи актерски имиња и луѓе кои работат внатре. Ова е потценување на вработените во МНТ. МВР мора да ги најде сторителите на вандалскиот чин и да ги казни“, истакна Љутков.