ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Заев: Со чувство на одговорност да развиваме култура која не прифаќа насилство

Може да слушнеме безброј причини за сторено насилство, но ниту една причина не е доволна за да биде оправдано, кое било насилство. Ова се однесува и за насилството врз жените и девојчињата, што е наш фокус вечерва. Нема оправдување! Заедно сме во борбата против насилството врз жени и девојчиња! Тука сум, да ја потврдам цврстата определба на Владата на Република Северна Македонија, да се придружи под овогодинешното мото, во означувањето на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жената

November 26, 2019 11:05
in ПОЛИТИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев вечерва се обрати на почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, во организација на УНДП, како дел од одбележувањето на Меѓународниот ден за запирање на насилството на жената.

„Може да слушнеме безброј причини за сторено насилство, но ниту една причина не е доволна за да биде оправдано, кое било насилство. Ова се однесува и за насилството врз жените и девојчињата, што е наш фокус вечерва. Нема оправдување! Заедно сме во борбата против насилството врз жени и девојчиња! Тука сум, да ја потврдам цврстата определба на Владата на Република Северна Македонија, да се придружи под овогодинешното мото, во означувањето на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жената“, рече премиерот Заев.

Тој констатираше дека е добро што постојат заеднички реакции на институциите и домашните и меѓународните организации за овој постоечки проблем во светски рамки.

„Денеска ја започнуваме и кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ којашто ја покренува и свеста дека за насилството не треба и не смее да се молчи. Крикот се слуша и кога некој молчи. Секој од нас, од институциите, или поединечно, има обврска пред тој Крик, тивок или гласен – да не го одмине, да реагира! Со чувство на одговорност да развиваме култура која не прифаќа насилство“, порача премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, посочи дека заложбите и превземените мерки на Владата се целосно усогласени со заложбите на ОН.

„Работиме на механизмите со коишто треба да осигураме дека нема неказнивост кога станува збор за насилствата, во овој случај за насилството врз жени, без оглед на формата, или местото каде се случува, или кој е сторителот. Нулта толеранција мора да има и за јавните службеници поврзани со каква било форма на насилство – од говор на омраза, до вознемирување и за кој било друг на кое било друго работно место. Или дома. Со усвојувањето на Истанбулската конвенција, направен е важен чекор напред во однос на законодавството што се однесува на спречување, откривање и санкционирање на насилство врз жените. Фокусот сега е нејзино целосно спроведување“, додаде премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, посочи дека Владата работи на родовата еднаквост и зајакнување на жените во општеството низ: донесеното законодавство, со кое што се забранува дискриминација врз жените, усвоените и спроведени програми и мерки што промовираат имплементација на суштинска родова еднаквост во сите области, активностите за подигање на свеста и елиминирање на бариерите за родова еднаквост, којашто е еден од приоритетите на Владата и е дел од Програмата на Владата (2017-2020). Во приоритетите ги посочи: да се стави крај на секоја форма на дискриминација врз сите жени и девојчиња, да се елиминира секоја форма на насилство врз сите жени и девојчиња, да се обезбеди целосно и ефективно учество на жените и еднакви можности за лидерство на секое ниво, да се спроведат реформи, коишто им даваат на жените еднакви права на економски ресурси, донесувањето и зајакнувањето цврсти политики и применливо законодавство за унапредување на родовата еднаквост, обезбедувањето универзален пристап до сексуално и репродуктивно здравје и репродуктивни права.

Овие приоритети, како што посочи премиерот Заев, се во согласност со Агендата за одржлив развој до 2030 година и Целта 5 за одржлив развој, којашто предвидува: Да се постигне родова еднаквост и да се охрабрат жените и девојчињата. Тој рече дека се работи на развивање и подобрување на националните политики за превенција и заштита на жртвите на родово базираното насилство и по ратификацијата на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, подготвен е Акциски план за спроведување на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашно насилство 2018-2023 година.

„Во 21-от век, со високо крената свет на светско ниво за родово засновано насилство, особено насилството врз жените со што жените се принудуваат на потчинета положба, тоа е недозволиво. Не, нема и нема да има оправдување за домашно насилство, сексуално вознемирување, силување, присилен брак, кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“, трговијата со жени и девојчиња. Апелирам на сплотеност и слух. Секое девојче е наша ќерка и секоја жена е наша сопруга или мајка. Секоја жена и секое девојче, имаме заедничка обврска, да ги заштитиме!“, повика премиерот Заев.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

June 16, 2025

Презентиран Договорот за финансирање на заедничките активности: Владата и донаторите треба зедно да ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

June 16, 2025

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk