На вчершната емисија на Телевизија 24, во која гости беа министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и преседателката на собраниската комисија за транспорт, врски и екологија Лилјана Затуроска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, покрај другото Затуроска праша за рентабилноста за толку клучки на автопатот Кичево-Охрид за една рурална област каде што живеат само 3000 граѓани, а исто така потенцираше дека не е потребен ни алтернативен пат за 3000 граѓани кои што живеат во тој реон.
Остануваат прашањата како овие 3000 граѓани да се поврзат со автопатот и каква е таа економска оправданост и рентабилност што ќе ги поврзе овие 3000 луѓе кои што живеат во таа рурална област (како што рече Затуроска), за да можат овие наши граѓани да воспостават една нормална патна комуникација со светот?
Една компарација: Јапонија не затворила железничка станица, иако таму имало само еден патник.
Во Јапонија Владата имала намера да затвори една железничка станица во село затоа што не било економски исплатливо. После сознанието дека во тоа место живее само едно девојче кое со воз одело на училиште, Јапонската Влада решила да не ја затвора железничката станица.