Скопските екипи во моментов работат на спасување на шест луѓе, од кои четири деца, кои се наоѓаат затрупани под четири плочи во срушен објект, објави градоначалникот Петре Шилегов на Фејсбук.
Сериозни се тешкотиите со кои се соочуваат во обидот да се спасат овие луѓе. Искрено се надеваме на добар исход – додаде тој.
Град Скопје, покрај екипи и дронови, денеска одобри и три милиони денари помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија што се случи вчера, а во кој загинаа 29 луѓе.