ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стаменкова: Со самото тоа што сум градоначалничка на мала општина, Македонска Каменица ги надмина стереотипите

November 27, 2019 23:52
in ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалничката на Општина Македонска Каменица во разговор за ЦИВИЛ Медиа, зборуваше за младите и можностите кои Општината им ги става на располагање на младите во Македонска Каменица, но и за предизвикот да се биде жена градоначалничка во мала општина.

„Нашата Општина годинава доби признание од Глобал Локал за креирање на поволна бизнис клима и креирање клима за претприемништво. Ова награда ја добивме како резултат на заложбите кои ги направивме овие две години да ги поттикнеме младите на претприемнички дух, кои постојано ги повикуваме дека во Општина Македонска Каменица ќе најдат и просторни можности и нефинансиска помош. Неодамна во нашата општина се одржа форум на жени претприемачи, особено како жена градоначалник сакам да ги поттикнам и да им помогнам на жените, затоа што во нашата општина има исклучително вредни и талентирани жени кои работат, произведуваат, но имаат потешкотии. Применувајќи ги средставата кои ги нуди Европа и можностите кои ги нудат одредени здруженија кои поддржуваат претпприемништво, ги вмрежуваме сите оние кои се заинтересирани за да се пронајдат себе си, да инвестираат во себе, да станат успешни претприемачи и да бидат пример во регионот.  Општина Македонска Каменица е една од ретките општини која нуди просторни можности и во моментот сме во преговори да се обезбедат средства за овде да направиме Регионален Центар кој би го координирал и потпомагал претприемништвото“, изјави Стаменкова

„Со самото тоа што сум жена во мала општина како што е Македонска Каменица, со самото тоа што граѓаните ме избраа како граданочалничка жена, стереотипите, Македонска Каменица ги има надминато. Што е тоа што ние жените отсуствуваме од политичката сцена, дали е тоа до стереотипите, а докажаа гласачите дека ги надминавме, или тоа е до нас дали ние сакаме, можеме и умееме. Јас би кажала дека можеби повеќе е до нас од колку до средината во која живееме. Тешко е да се биде и маж градоначалник, но јас би кажала дека за да ги задоволите очекувањата на граѓаните како жена јас треба да направам два пати повеќе од маж градоначалник. Не е лесно, меѓутоа задоволството е огромно. Целиот мој век го поминав тука и ми е задоволство кога ќе видам задоволни граѓани, има и незадоволни граѓани како што реков, но јас знам дека правам нешто добро и убаво за мојот гра“д, исткна градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

извор ЗУМ.МК

Next Post
Зоран Заев / фото: Биљана Јордановска

Заев: Од јуни 2020 минимална плата од 16.000, а просечната 30.000 денари

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk