ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Сугарески: Не постојат партиски проекти, туку добри или лоши аминувани од Владата

Постојат добри или лоши проекти кои ги аминува една Влада, како што појасни Сугарески. Конкретно за стратешките проекти во инфраструктурата, тој нагласи дека првичните инфраструктурни проекции не се на партиите, туку на експерти кои изработуваат студии и истите биле предвидени во Просторниот план, а се стари над двесет и повеќе години и дека е неумесно да се разговара за располагањето со народните пари од буџетот преку партиска призма кога се работи за инфраструктурни инвестиции, кои по својата природа, нивната конечна реализација најчесто го надминуваат мандатот на една Влада.

November 27, 2019 12:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

„Реализација на инвестициите во Министерството за транспорт и врски е одлична – имаме околу 70 отсто реализација заклучно со ноември. И Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) има извонредна реализација од околу 70%“, изјави минстерот за транспорт и врски Горан Сугарески во разговорот со ФРОНТЛАЈН.МК

За константните обвинувања кои ги потенцира опозицијата за тоа дека нема автентични проекти од СДСМ, туку дека тоа се проекти од ВМРО-ДПМНЕ, Сугарески одговори дека не постојат проекти на една или друга партија.

Постојат добри или лоши проекти кои ги аминува една Влада, како што појасни Сугарески. Конкретно за стратешките проекти во инфраструктурата, тој нагласи дека првичните инфраструктурни проекции не се на партиите, туку на експерти кои изработуваат студии и истите биле предвидени во Просторниот план, а се стари над двесет и повеќе години и дека е неумесно да се разговара за располагањето со народните пари од буџетот преку партиска призма кога се работи за инфраструктурни инвестиции, кои по својата природа, нивната конечна реализација најчесто го надминуваат мандатот на една Влада.

„Тука разговараме за квалитетот на финалните проекти донесени од конкретна Влада и за приоритетите, а никако за тоа дали ни се потребни и кои автопати, дали ни треба гасовод, или комунална инфраструктура“, вели Сугарески и додава: „Како тогаш да одговорам на саркастичните прашања од опозицијата од типот – ако се лоши проектите зошто тогаш ги продолживте, кога за тие започнати проекти од ифраструктурата се земени милионски кредити кои треба сите да ги враќаме и се потпишани договори со интернационални компании и банки, кои и да сакаме би било практично невозможно да не се продолжат.

Да прецизирам, забелешките на нашата Влада во однос на проектите се во финалниот проект врз база на кој се потпишани договорите со изведувачите и секако за проектираните пари за конкретната изведба“.

Сугарески во тој контекст ги напомна, како евидентен пример, проблемите кои ги затекнале на автопатот Кичево-Охрид  и ги истакна: непланираните клучки, погрешната категоризација на земјиштето, тунелот, а уште еднаш потенцираше дека градежништвото не памти таков катастрофален проект со толку многу промаршувања, како проектот за овој автопат.

Во врска со дополнителните средства кои се обезбедени со анексот, Сугарески истакна дека цените договорени со овој анекс се за три пати поевтини отколку тие претходните што ги договарала владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Го прашавме Сугарески да ни посочи конкретни бројки за тоа како се одвивала реализацијата на капиталните инвестиции – за железницата, гасоводот, патиштата и социјалните станови, на што министерот одговори:

Ја завршивме изградбата на пругата од Битола до Кременица. 16 км. Вредност 17,1 милиони евра.  Оваа година ја засиливме изградбата на пругата Куманово-Бељаковце, а ќе ја завршиме до крај на 2020. Должина од 30,8 км, инвестициона вредност од 46 милиони евра. Изградба на пругата Бељаковце-Крива Пaланка, инвестициона вредност е 147 милиони евра очекувам во почетокот на следната година да имаме избрано изведувач и да отпочнат градежните работи.

За тоа до каде е реализацијата на канализационата и водоводната мрежа планирана за оваа година, министерот Сугарески истакна дека преку ЕИБ во овој момент се работи на дваесетина проекти за изградба и реконструкција на водоводи и канализации, 7 биле во фаза на тендерирање, а 20 се во фаза на подоготовка за тендер:

Преку КФВ банката, оваа година започнавме да работиме на  подобрување на водоснабдувањето во Кавадарци и Радовиш со вкупна вредност од 1,5 милиони евра. Преку овој проект во втора фаза ќе се работи и на подобрување на водоснабдувањето во Гевгелија и Гостивар.

Отпочнавме изградба на водовод во Визбегово, едно од најголемите барања на инвеститорите во зоната во вредност од 1,8 милиони евра, а во фаза е тендер за изградбата на канализацијата, проект вреден преку 7 милиони евра, канализација во Арачиново и доизгардба на казализација во Волково  преку буџет на министеството за транспорт и врски

За гасификацијата, министерот истакна дека до сега има 78 % реализаиција или 1,1 милијарда денари и дека се работи на вкупно 168 км. гасовод:

Делница Неготино (Кавадарци)-Битола во должина од 92 км е во фаза на реализација. Реализирани се 71 % од вредноста на оваа делница. Вредност на договорот е 36,4 милиони евра.

Изградбата на делницата Скопје-Тетово-Гостивар во должина од 76 км. е во фаза на реализација, а реализирани се над 44 % од вредноста на оваа делница. Вредност на договорот е 29 милиони евра.  Градежните работи на делница Штип-Неготино се завршени во должина од 36 километри. Направен е технички преглед на истата и се вршат подготовки за пуштање на гас низ цевките

Во врска со изградбата на социјалните станови, министерот рече дека се изградени 164 станови за социјални категории граѓани и дека има 100 процентна реализација на планираниот буџет за оваа намена. Тој напомна дека е започната изградба на уште две социјални станбени згради со вкупно 110 станови во Пробиштип и Неготино, а нагласи дека во соработка со АД за станбен и деловен простор планирано е во 2020 година да се изградат и станови во: Бутел, Гевгелија, Виница, Пехчево, Свети Николе, Дебар, Велес, Скопје.

За патната инфраструктура Сугарески ги потенцираше следните податоци:

Вкупно се реализирани 70 % од планираните инвестиции или преку 148 милиони евра. Во моментов се работи на околу 400 km патишта низ државата, или инвестиција од преку 800 милиони евра. (автопати, експресни и регионлани патишта). За две и пол години како сум ресорен министер, имаме преку 500 километри рехабилитирани патишта. До сега, завршивме патна мрежа со вкупно 770 км  и вкупна вредност од половина милијарда евра. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ во 11 години рехабилитираше 650 километри.

Сугарески тука го истакна и проект за изградба и санација на локални патишта во вредност од 70 милони евра заем и рече дека со тоа ќе бидат опфатени и рехабилитирани најголем дел од улиците и патиштата во општините.

На крај го прашавме Сугарески за негов коментар на изјавата на претседателката на Собраниската комисија Лилјана Затуроска која во дебатата на Телевизија 24, рече дека не е рентабилно и не се потребни толку многу клучки и алтернативен пат на автопатот Кичево-Охрид, зашто таму живееле само 3000 граѓани.

Навистина многу чуден став на Затуроска. Искрено бев изненаден, но слични ставови, а за волја на вистината имаше и спротиставени, можеа да се слушнат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и во собранската распарва кога го донесувавме анексот на договорт. Несфатливо ми е во кој правец мислеше Затуроска дека ќе оди со таа изјава – дали тие граѓани треба да ги оставиме да немаат пристап до автопатот затоа што се работи за 3000 граќани? Но, како и да е, ние сакаме да му обезбедиме нормални услови за живот и соодветна комуникација на секој, па било тоа да è и еден единствен граѓанин, а не пак на 3000 наши сограѓани од руралните области, кои да не заборавиме, исто така го полнат буџетот како и оние од градовите. Нашето социјал-демократско поимање на политиката не ни дозволува никакви паушални погрешни пресметки за наводна нерентабилност на кои се повикуваше пратеничката Затуроска, кои би му го скратиле правото на нормална комуникација на населението од тој регион, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на крајот од разговорот со ФРОНТЛАЈН.МК.

Јане Ѓорѓиоски

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Американските власти го привеле најпознатиот „тиктокер“ во светот, Хаби Лејм

June 9, 2025
Фото: Скриншот, Си-Би-Ес

(ВИДЕО) Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целиот екипаж на „селфи-јахтата“

June 9, 2025
Фото: МИА

„Сапорт Кочани“ до Мицкoси: Не убивајте го ентузијазмот на луѓето, ништо нема да ни застане на патот на солидарноста

June 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ѝ објави „војна“ на ДУИ, остри критики на социјалните мрежи за неговата реторика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишен од слобода сопственикот на агенцијата, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листата „Не ја даваме на Србија – Александар Вучиќ“ доби најмногу гласови на локални избори во два града во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk