ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Високи бонуси, низок морал во СЈО

Јавното обвинителство од вчера почна предистражна постапка во врска со високите надоместоци за доверливост од десетици илјади евра што им биле исплатувани на обвинителите од замрзнатото Специјално јавно обвинителство

November 27, 2019 11:07
in ПРАВДА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Истражители на ЈО од вчера се во Специјалното обвинителство со цел да обезбедат финансиски документи за исплатата на високите надоместоци од десетици илјади евра во СЈО, кои ја растревожија јавноста, пишува Слободен печат.

Јавното обвинителство од вчера почна предистражна постапка во врска со високите надоместоци за доверливост од десетици илјади евра што им биле исплатувани на обвинителите од замрзнатото Специјално јавно обвинителство. Високи додатоци и надоместоци освен за обвинителите, биле исплаќани и за низа надворешни соработници, како што покажаа податоците од владината алатка за транспарентност во јавното трошење „Отворени финансии“.

– Станува збор за претходна постапка. Истражителите по налог на Јавното обвинителство се во просториите на СЈО за да обезбедат финансиски документи – велат од ЈО за „Слободен печат“.
Оттаму не одговорија подетално во кој дел од исплатата на надоместоците за доверливост евентуално е направено кривично дело, затоа што според Законот за СЈО, обвинителите имаат право на додаток за посебните услови за работа, додаток за постоење висок ризик и додаток за доверливост, а висината на додатоците ги одредува специјалниот јавен обвинител.

Јавноста не реагираше на фактот дека се исплатувани додатоци, туку за нивната висина, по што следуваа барања обвинителите да ги вратат парите. Според базата на податоци „Отворени финансии“, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за четири години добила надоместоци од вкупно 157 илјади евра, а останатите обвинители од СЈО добиле од 80.000 до 100.000 евра, надвор од редовната плата. Најголем дел од дополнителните 157.000 евра Јанева ги добила како додаток за доверливост, да не открива што чула во „бомбите“, а земала и надоместоци за кирија и за тоа што работела надвор од градот во кој живее.
Целиот текст прочитајте го ТУКА
Next Post

Почувствуван земјотрес во Скопје, епицентарот во Грција

НАЈНОВО

Венко Крстевски: Кочани заслужува нов почеток – почеток на обединување, одговорност и заедничка работа

October 25, 2025

Трајановски најавува целосна дигитализација и транспарентност во Општина Аеродром

October 25, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk