Според официјалните податоци, досега бројката на жртвите во силниот земјотрес кој го погоди Драч во Албанија достигна 35 лица, а бројот на повредени над 650. Од под урнатините на зградите се извадени 45 преживеани лица.
Операциите за потрага и спасување на преживеаните се во тек, екипите се на терен 24 часа. Најголемата опасност демне од оштетените објекти со нарушена статика.
Земјотресот со јачина 6,4 степени според Рихтер во вторникот, околу 4 часот утрината по локално време, ја стресе Албанија и околните земји. Најтешко се погодени местото Туман и областите на Драч и Тирана. А помали земјотреси во Јаднанското море уште го тресат албанското тло.
Во Туман, на 30-ина километри северно од Тирана и Драч, блокирани се речиси сите приоди кон урнатите куќи.