Фотографијата на која се гледа како еден припадник на спасувачките тимови од Србија, кој пристигнал во Албанија за да помогне во спасувачките операции и при тоа соработува со албански војник, кружи на социјалните мрежи.
Под слоганот „Болката не познава граници”, граѓаните на Албанија искажуваат благодарност кон српските сили за солидарноста со албанскиот народ по трагичниот земјотрес. Иако припадниците на двата народи долги години во историјата поминале низ конфликти, на оваа фотографија се прикажува дека далеку од политичките интереси, луѓето остануваат луѓе независно од пасошот кој го носат.
Убавината е во тоа што во период кога Балканот се електризираше со дебати за промени на граници, оваа фотографија докажува сосема нешто друго, пишува во еден од многуте постови на албанските граѓани на социјалните мрежи.
А. Зеќири