ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Направената штета во МНТ е 3.965 евра, за Заев поголема е духовната

November 28, 2019 16:01
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупната материјална штета направена во Македонскиот народен театар од навивачката група „Шверцери“ е 3. 965 евра, утврдила надлежната комисија, јави МИА.

Штетата мора да се надомести, а ќе се утврди и одговорното лице кое ќе ја плати. Но, треба да се понесе одговорност за духовната штета што е направена, истакна премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница на која се поставуваат пратенички прашања, меѓу кои и за случувањата во МНТ.

Заев информира дека го добил записникот од комисијата, но не успеал да го прочита бидејќи, како што рече, синоќа доцна се вратил од Босна и Херцеговина.

Инаку, бил откорнат тапацирот на пет столици во вредност од 125 евра, откорнати биле и ногарки од столици 150 парчиња во вредност од 250 евра, уништен парапет на прва галерија во делот на украсни лајсни  и тоа 10 и други два метри, во вредност од 240 евра. Уништени биле и орнаменти, бурдури во вредност од 200 евра, како и искршени пет подни светилки, теписони со дупки од отпушоци во вредност од 400 евра.

– Живееме и работиме за младите луѓе и тие се нашата иднина. Не смееме да дозволиме материјалните добра што се на сите, но и духовните добра што оваа земја ги има создадено да бидат допрени, оштетени и на кој било начин омаловажени. Реакцијата што се случи од јавноста е духовната болка. Она што го видовме на снимките беше причина за сериозната реакција што се јави во јавноста. Верувам дека тука има поединечни одговорности, ќе се утврдат и ќе соопштиме на јавноста, рече Заев, додавајќи дека не сака да прави калкулации околу тоа што се случило, кој бил виновен или слично.

Потенцира дека реагирале и тој и неговата партија, но и многу други политички партии заради тоа што е направена поголема штета, а тоа е духовната.

– Дали се тоа млади или повозрасни луѓе, националниот театар е отворен за сите и треба сите да го користат, но се знае под како околности и во какви услови, апелираше Заев.

Премиерот Заев меѓу другото потсети дека тој бил присутен на одбележувањето на Денот на албанската азбука во МНТ во првиот дел, по што во 20.30 часот заминал.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кошта од Тирана: Албанија би можела да биде во европското семејство дури и пред 2030 година

May 15, 2025
Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Српски функционер призна дека фалсификувал документ за плац што го сака зетот на Трамп

May 15, 2025

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk