Албанскиот премиер Еди Рама се обрати преку својот профил на социјалните мрежи, заблагодарувајќи на поддршката и солидарноста, но и со молба да се насочи хуманитарната помош кон повторна изградба на домовите на големиот број луѓе што останаа без покрив над главата, во пресрет на зимските денови. Тој ја извести јавноста дека повеќе нема место во складиштата од итно пристигнатата помош во храна и алишта. Тој, меѓу другото, ја посочи и веб адресата e-albania.al/dhuro/ на која може да се донираат средства за да им се помогне на унесреќените онака како што може.
Еди Рама напиша:
ВЕ МОЛАМ, НЕ ИСПРАЈЌАЈТЕ ПОВЕЌЕ ПОМОШ ВО ХРАНА И АЛИШТА. Пристигнати се премногу и магацините се полни. Во пристаништето во Драч нема веќе капацитет за нивно складирање и потребата е веќе исполнета дури и надмината, благодарение на многу луѓе, претприемачи, организации, институции домашни и странски!
МНОГУ ВИ БЛАГОДАРАМ, ОД СРЦЕ, НО ВЕ МОЛАМ ЗА РАЗБИРАЊЕ Ве молам, не ги слушајте тие што шпекулираат со спорадични епизоди на конфузија, разбирливи за вонредната ситуација во која сме.
НЕМА КРАЖБА НА ПОМОШТА, ниту ПРОДАЖБА НА ПОМОШ на никакво вознемирувачко ниво, туку станува збор за епизоди, сосема невредни, или за остови од бездушни провокатори, во РЕКАТА НА ПОМОШТА од фантастичната солидарност
ВЕ МОЛАМ, разберете дека проблемот на почетната итна потреба за храна и облека за несреќните, веќе е надмината. БЛАГОДАРЕНИЈЕ НА ВАС
ВЕ МОЛАМ СОЛИДАРИЗИРАЈТЕ СЕ, ЗА ДА СЕ СООЧИМЕ СО ВИСТИНСКАТА ВОЈНА за нивното достоинствено смеетување
Придонесете со скромна сума, СПОРЕД ВАШАТА СПОСОБНОСТ, на единствената адреса e-albanian.al/donate и ВЕ МОЛАМ, НЕ ГИ СЛУШАЈТЕ НЕВРЕДНИТЕ ЛУЃЕ што фрлаат сомнеж, алудирајќи на разно-разни злочини и неверства…
БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ АЛБАНИЈА И СИТЕ ВАС
https://www.facebook.com/edirama.al/posts/10157201478486523