Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев на дебата со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на ТВ24, јавно го повика пребеганиот поранешен премиер, Никола Груевски, да се врати и да ја одлежи казната.
На инстирањето на Манчевски да каже дали во ВМРО-ДПМНЕ се залагаат Груевски да се врати и да ја одлежи казната Јанушев речe „да, еве јавно го повикуваме“.
Груевски е азилант во Унгарија и е осуден на казна затвор од две години за влијание за купување на мерцедесот на МВР, од 600.000 евра кога министерка за внатрешни работи беше Гордана Јанкулоска.