ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Илија Јованоски НAJ Еко градоначалник, Општина Прилеп НAJ Еко општина

По повод изборот на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, за НАЈ Еко градоначалник за 2018 година, денеска и официјално беше пуштено во употреба детското игралиште во Паркот на револуцијата, донација на „Пакомак“ и Шпаркасе банка. Покрај градоначалникот Јованоски, на отворањето на игралиштето присуствуваа и генералниот извршен директор на Шпаркасе Банка, Глигор Бишев и менаџерот за грижа на корисници од Пакомак, Ико Брдароски

November 29, 2019 00:04
in ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод изборот на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, за НАЈ Еко градоначалник за 2018 година, денеска и официјално беше пуштено во употреба детското игралиште во Паркот на револуцијата, донација на „Пакомак“ и Шпаркасе банка. Покрај градоначалникот Јованоски, на отворањето на игралиштето присуствуваа и генералниот извршен директор на Шпаркасе Банка, Глигор Бишев и менаџерот за грижа на корисници од Пакомак, Ико Брдароски.

„За мене лично и за општина Прилеп, главен приоритет е животната средина. Заедно со комуналните претпријатија правиме напори да ги подобриме услови за живеење на нашите граѓани. Со овие чекори што ги преземавме досега, како и со оние кои што се зацртани за иднина, покажавме дека знаеме и дека можеме тоа да го направиме.

Прилеп беше прогласен за НАЈ Еко општина за 2018 година и во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на ‘Пакомак’ и Шпаркасе Банка, кои по тој повод го донираа ова детско игралиште на Паркот на револуцијата. Сакам да потенцирам дека со целата наша посветеност работиме на подобрување на енергетската ефикасност во сите детски градинки, училишта. ЈКП ‘Комуналец’ во континуитет учествува во подобрување на животната средина во градот со чистење на каналите на Градската река, на Дабничка река, чистење на сите диви депонии во нашиот град. Општина Прилеп и ЈКП ‘Комуналец’ се први во примарната селекција на отпад, набавивме и камион за собирање на отпадот и преса за пакување на пластичниот отпад. Исто така набавивме и 4 нови автобуси на метан, а направивме и две фотоволтаични централи во Центарот за лица со детска парализа, како и во дел од градскиот пазар, со што покажавме дека се грижиме за здрава и чиста животна средина во нашиот град“, посочи градоначалникот Јованоски.

„Шпаркасе Банка и ‘Пакомак’ заедно повеќе години наназад работат на подигнување на свеста за здрава животна средина, за еколошко живеење. Го организиравме настанот ‘НАЈ Еко општина за 2018 година’, за општина која има највисоки стандарди во зачувувањето на човековата околина, грижа за зеленилото и здравото живеење и задоволство е што оваа награда ја доби Општина Прилеп. Продолжуваме и понатаму да ја подигаме свеста на граѓаните за оваа проблематика. Ова е признание не само за градоначалникот Илија Јованоски, туку и за сите граѓани на град Прилеп кои покажаа како е да се живее во здрава и чиста животна средина“, истакна Глигор Бишев, генерален извршен директор на Шпаркасе Банка Македонија.

„Сакам  да упатам честитки до Општина Прилеп за изборот за ‘Нај еко општина’. Слушнавме од градоначалникот за многу работи кои до сега се реализирани, но и за оние кои допрба ќе бидат реализирани, со што се потврдува нашата одлука дека се број еден во Македонија. Со бројките со кои ние располагаме за собрана амбалажа на отпад на ниво на Македонија, можам да кажам дека многу општини од Прилеп можат да учат како да се собира амбалажниот отпад и како да допринесат тој отпад да не завршува на депонија, туку да заврши во фабриките за рециклирање“, истакна Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници од „Пакомак“.

Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски се победници на конкурсот за НАЈ Еко градоначалник за 2018 година, која ја заслужија со придонес во селективното собирање отпад, овозможување на собирање стакло преку HoReCa сегментот, бројни инвестиции за зазеленување на големи површини, како и за постигнување здрава и одржлива животна средина и намалување на необновливиот отпад.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

May 9, 2025

Музеите лани ги посетиле 289 767 граѓани

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Папа Лео XIV Фото: Скриншот

    Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk