ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Прилеп доби шест мерни станици за мерење на загаденоста на воздухот

Денеска во големата сала на Општина Прилеп беше предаден во употреба системот за мерење на загаденоста на воздухот, при што беше извршена и презентација на првичните резултати кои ги регистрираа шесте новопоставени мерни станици

November 29, 2019 17:32
in ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во големата сала на Општина Прилеп беше предаден во употреба системот за мерење на загаденоста на воздухот, при што беше извршена и презентација на првичните резултати кои ги регистрираа шесте новопоставени мерни станици.

Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Илија Јованоски рече дека уште како советник во Советот на општина Прилеп, заедно со останатите опозициски советници, во повеќе наврати од поранешната локална власт барале во градот да бидат поставени мерни станици, со цел граѓаните да знаат каков воздух дишат. Меѓутоа, потенцираше Јованоски, одговор никогаш не добиле, а граѓаните на Прилеп не разбрале каков воздух дишат. Од тој аспект, решавањето на ова прашање за градоначалникот Јованоски претставува императив.

„Општина Прилеп продолжува со подобрувањето на животната средина за граѓаните на нашата општина. Минатата година ја предадовме во употреба пречистителната станица за отпадни води, градот е лидер во примарната селекција на отпад, а од пред една година поставивме една мерна станица за мерење на загаденоста на амбиенталниот воздух. Денеска го продолжуваме тој процес со реализација на овој пилот проект, односно со поставување 6 нови мерни станици, кои во наредните 6 месеци ќе ја мерат загаденоста на амбиенталниот воздух. Во тој период станиците ќе бидат дислоцирани од сегашните локации и ќе бидат поставени на други места во градот, со цел да се добие реална слика за загаденоста на воздухот“, истакна Јованоски.

Градоначалникот Јованоски напомена дека проблемот со загадувањето не смее повеќе да се става под тепих и дека јавноста мора да знае каква е состојбата со загаденоста на амбиенталниот воздух.

Петар Орданоски од „Екомонитор“ ја претстави пилот инсталацијата за мерење на загаденоста на воздухот во Прилеп, при што истакна дека тест периодот на регистрирање и обработка на параметрите ќе трае 6 месеци и дека сензорите кои се користат се од светски производители кои важат за апсолутни лидери во својата област.

„Тест периодот ќе се одвива во следните 6 месеци, при што ќе се извршат првите мерења и ќе се види имлементацијата на целиот систем. ‘Екомонитор’ е проект кој е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој. Станува збор за мерни станици за загадување на воздух и други метеоролошки податоци и се надеваме на особен успех, од причина што пред два дена ја завршивме инсталацијата на шесте мерни станици и двете комуникациски станици. Сите сензори кои што се користат се со индустриски квалитет, се набавуваат од ЕУ и поседуваат ‘ЦЕ’ сертификат. Тоа значи дека нивните параметри се акредитирани во ЕУ и ги задоволуваат сите стандарди на индексот за квалитет на воздух. Користиме индустриски сензори од светски производители кои важат за апсолутни лидери во таа област“, рече Орданоски.

„Ова е само еден проект од десетината кои се занимаваат со решенија од аспект на заштита на животната средина, кои ги финансира Фондот за иновации и технолошки развој. Неодамна во Скопје беа презентирани реалните ефекти од овие проекти и можевме да се увериме дека се работи за проекти кои во иднина би имале импакт во заштитата на животната средина. Инаку, се работи за проекти во вкупна вредност од 1 милион евра, од кои 250.000 евра се влог на самите компании. Се работи за реални компании чии проекти имаат реални ефекти, а дека посебно внимание им посветуваме на проектите од заштита на животната средина, зборува тоа што за многу брзо време ќе го објавиме и вториот повик со кој ќе финансираме проекти кои ќе работат на детектирање на загадувањето на амбиенталниот воздух и ќе нудат конкретни решенија“, изјави Бранислав Марковски од Фондот за иновации и технолошки развој.

Доколку во шестмесечното траење на пилот проектот, се констатира дека мерните станици ја даваат реалната слика за аерозагадувањето, Општина Прилеп ќе најде начин во согласност со законската регулатива, да изврши нивна набавка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

May 9, 2025

Музеите лани ги посетиле 289 767 граѓани

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Папа Лео XIV Фото: Скриншот

    Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk