ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Скопските пожарникари во Албанија ја покажуваат солидарноста на дело

Тимот од Град Скопје составен од четворица пожарникари и двајца логистика за снимање и мапирање со дрон и термо камери за потрага на лица, беше лоциран во Драч каде три дена неуморно работеше на лоцирање и пронаоѓање на затрупани во една куќа која беше означена како црна точка

November 29, 2019 10:31
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Екипите за спасување од земјава што беа испратени во Албанија по катастрофалниот земјотрес несебично се вклучија во спасување на преживеани, пренесе МИА.

Тимот од Град Скопје составен од четворица пожарникари и двајца логистика за снимање и мапирање со дрон и термо камери за потрага на лица, беше лоциран во Драч каде три дена неуморно работеше на лоцирање и пронаоѓање на затрупани во една куќа која беше означена како црна точка.

Од 19:30 часот во вторникот работевме на лоцирање и потрага по затрупаните во рушевините со дронот и термокамерата на куќа која беше лоцирана како црна точка на земјотресот. Во неа имаше една жена, едно девојче, две близначиња од по две години и едно постаро лице инвалид. За жал, најдени се сите починати, вели во изјава за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Тимот од Град Скопје заеднички работеше со екипа од Италија и со Армијата на Албанија.

По катастрофалниот земјотрес во вторникот во Албанија, беа испратени тимови за спасување и механизација, а премиерот Зоран Заев најави дека подготвени се и тимови од лекари доколку е потребно да интервенираат. Истиот ден, Владата донесе одлука да се одвојат шест милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотерсот.

Од Град Скопје веднаш беше испратена екипа од четири пожарникари и две лица за снимање со термален дрон и термални камери. Дополнително, Советот на Град Скопје донесе одлука за доделување на финансиска помош во вредност од три милиони денари. Дел и до другите општини донесоа одлуки за доделување финансиска помош за Албанија.

Во вторникот рано сабајле во Албанија беа регистрирани два силни змејотреси, еден со јачина од 6,4 и другиот од 5,3 степени според Рихтер. Конечниот биланс од земјотресот се уште не се знае. Според последните информации, 47 лица го загубија животот, а над 650 се повредени. Од вторникот наваму регситрирани се над 200 потреси.

Next Post

Северна Македонија на иста маса со земјите членки на НАТО на Самитот во Лондон

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk