Нов силен земјотрес е регистриран во Албанија. Според податоците земјотресот бил со магнитуда од 4.5 степени според Рихтеровата скала, јавуваат албанските медиуми.
Епицентарот на земјотресот бил во Хамалај-Драч.
Земјотресот повторно предизвика паника и во главниот град во Тирана, каде дел од жителите излегле надвор од своите домови.
Овие афтер шокови продолжуваат по страотниот земјотрес од 6.4 степени, во кој животот го загубија 51 лица.
извор: Слободен печат