ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одговор на „Зелена Револуција“ на поканата за средба во Владата

December 1, 2019 14:54
in ЗЕЛЕНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Маршот за чист воздух #ЗеленаРеволуција, се одржа во петокот и преку него граѓанските здруженија и иницијативи побараа ефикасност од надлежните институции во борбата со загадувањето на воздухот. Како што известија денеска, на протестот му претходела покана од Владата за средба со премиерот Заоран Заев. Денеска тие испратија одговор на поканата.

„Сметаме дека во овој момент простор за нови средби со Премиерот, или со други претставници на државните институции, може да бидат возможни, САМО доколку видиме реална и конкретна волја за соработка со граѓаните. Тоа е можно и остварливо, доколку Премиерот, неговите министри и советници ангажирани на темата за животна средина, покажат дека сериозно го слушнале гласот на граѓаните, искажан на петочниот марш и по ИТНА постапка ги реализираaт следниве барања наведени во т.н Зелена книга, а за кои не е потребно подолго време бидејќи зависат директно од волјата на Премиерот и членовите на Владата:

1. Указ за итно носење на ДУП СИ 09 Гази Баба за Вардариште.

2. ЈО да отвори истрага за Охис во стечај, стечајната маса, продавање, склучени договори, испуштањето на токсична хемиска материја и за палење на кабли во Скопје, кој го откупува бакарот, како се снабдуваат со кабли лицата кои ги горат.

3. Да се усвојат на Влада измените и дополните на Законот за животна средина со кои се идентификува и уредува постапувањето со контаминирани подрачја и влезе во Собраниска процедура.

4. Стопирање на процедурата на усогласување на законите од областа на заштита на здравјето на луѓето, заштита на природни богатства, животна средина, заштита на културно наследство, заштита од природни и други непогоди, комунална хигиена со законот за прекршоци.

5. Поднесување на веќе изготвената апликација за прогласување на Охридско Езеро и Студенчишко Блато како водно живеалиште од меѓународно значење до Рамсарскиот секретаријат.

6. Одземање на концесијата на Еуромакс за рудникот Иловица-Штука.

7. Одземање на истечената концесија за експлоатација за рудникот Плавица.

Доколку постои искрена намера и желба за решавање на проблемот со загадувањето, заштитата на животот, здравјето и животната средина, овие барања можат да се реализараат во следните 5 работни денови, со што конечно ќе видиме цврста намера за темелно решавање на загадувањето. Покажете искреност и сериозна волја, затворете ги овие почетни барања и можеме да организираме средби и за сите останати. Вардариште би било одлична локација за првата средба, заедно, Вие, Вашите министри и советници, во живо и во присуство на медиумите да ги видиме условите, дивите населби и проблемите за кои постојано читате од нашите барања, но не сте ги виделе на терен.

Повеќегодишното заедничко искуство, ни потврдува дека досегашниот односот кон барањата на граѓанските организации и активисти, бил исклучиво за потребите на секторите за односите со јавноста и за покажување на наводна соработка со граѓаните, додека на терен не се сработувало ништо, или се направило многу малку.

Покажете акција, вратете дел од довербата“, се вели во одговорот.

Next Post

Заев: Продолжуваме да инвестираме во силна и стабилна економија!

НАЈНОВО

Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Приведени две лица за грабежот на накит во Лувр

October 26, 2025

Русија тврди дека има нова нуклеарна крстосувачка ракета со неограничен дострел и може да избегне каков било одбранбен систем

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Работничката партија на Курдистан објави дека се повлекува од Турција како дел од процесот на разоружување

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk