Денеска започна еколошката акцијата за засадување на 50 илјади багремови садници на старите одлагалишта со пепел во РЕК Битола. Пошумувањето го спроведуваат Државните електрани и комбинатот, а целата е да се намали загадувањето од овие одлагалишта.
И лани ридиштата со пепел беа пошумени со 50 илјади садници, со што за само две години вкупната бројка е 100 илјади садници, што е една третина од вкупниот број на засадени дрвца откако постои комбинатот, истакна генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, пренесува Апла.мк.
На акцијата се приклучи и Здружение на волонтери „Пелистер“ од Битола.
Покрај менаџерскиот тим, вработените во РЕК Битола и волонтерите од „Пелистер“, почетокот на еколошката акција за пошумување на старите одлагалишта на пепел го означија и градоначалниците на Новаци и Могила, Љубе Кузмановски и Јасмина Гулевска.