ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

Пендаровски: Општество во кое има простор за сите, има повеќе шанси за успех

Не можам да не ви честитам на сите ваши напори за сиот труд во инклузијата на лицата со попреченост, како и за поддршката на студентите со попреченост и олеснување на нивното школување, рече претседателот Пендаровски...

December 2, 2019 00:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски заедно со неговата сопруга Елизабета Ѓеоргиевска, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денеска во МладиХаб се сретна и се дружеше со 40-тина студенти од Институтот за специјална едукација и рехабилитација, пренесе МИА.

Градејќи го духот на солидарност, почитување и прифаќање на различностите, претседателот Пендаровски истакна дека секој треба да ги почитува правата на лицата со попреченост и активно да се залага да се обезбедат подобри услови за живот и соодветен пристап до сите институции, достапност до образованите и здравствени институции, како и поголема застапеност на пазарот на труд.

-Не можам да не ви честитам на сите ваши напори за сиот труд во инклузијата на лицата со попреченост, како и за поддршката на студентите со попреченост и олеснување на нивното школување, рече претседателот Пендаровски и додаде дека е убеден дека по примерот на Филозофскиот факултет којшто треба да биде прв инклузивен факултет во 2020 година, ќе тргнат и останатите факултети и воопшто образовни институции.

Истовремено, како што истакна, неопходно е државата да има здравствени работници кои се обучени да детектираат и да работат со лица со попреченост, но и вистински да се вклучат овие луѓе во училиштата, а подоцна и на пазарот на трудот.

-Исто така мораме многу да вложиме во сензибилизирање на пошироката заедница, да ги намалиме предрасудите и стигмата, да ги прошириме видиците и да сфатиме дека општество во кое има простор за сите има повеќе шанси за успех, општество во кое различностите се прифаќаат, е општество во кое различните заедници можат интегрирано да живеат“, потенцираше Пендаровски.

Посочи дека секој ден треба да биде 3 декември, да сме постојано свесни за проблемите на лицата со попреченост и атипичен развој, да работиме на инклузија и да изнаоѓаме решенија преку кои ќе ја градиме солидарноста, ќе ја почитуваме и прифаќаме различноста.

-Јас сум отворен за секоја ваша инцијатива. На располагање го ставам мојот мандат, мојот авторитет, моето време, човечките ресурси во мојот кабинет за остварување на заедничките цели, истакна претседателот Пендаровски.

Деканот на Филозoфскиот факултет, Ратко Дуев од своја страна истакна дека како прв инклузивен факултет, оваа институција во континуитет работи на обезбедување на подобри услови за живот на студентите со попреченост и на олеснување на процесот на нивно школување.

На настанот, Ивана Попова, студент од генерацијата 2014/15 од Институтот за специјална едукација и рехабилитација, доби парична награда во висина од 10.000 денари за постигнат највисок просек од 9,78, а парични награди во висина од 10.000 денари за особена посветеност во своето школување добија и Беира Салифовска, студент со оштетен вид од Институтот за специјална едукација и рехабилитација, како и Ангела Георгиева, студент на Филозофскиот факултет во Риека, Република Хрватска и Александар Аврамовски, студент на Економскиот и бизнис факултет во Марибор, Република Словенија, соопшти кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Next Post

Солна киселина истекла од цистерна во околината на фабриката МЗТ во Гази Баба

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk