Џабе сме протестирале. Џабе ова она ова она.
Јас ништо не сум направила џабе. Протестирав со години против страховладеењето на една гарнитура со која дури ни обичните вмровци немаа баш претстава што се случува. Страховладата која ги користела своите членови како марионети, ги индоктринирала да останат глупи и прости.
Излегов на протест кој стана Шарена револуција со пенкало без ниту една жртва. Излегував на Шарената секој ден во ШЕСТ заради аболициите на еден глупав претседател. Паѓаа на два пати. Кога паднаа аболициите на Иванов се завршија протестите. Никој никогаш нема протестирано за СЈО. Неговото појавување беше попатно. Никој не ја следеше работата. Појма немавме што се случува. Зошто? Имало 25 милиони причини.
Имавме шанси да ги победиме, немаше медиум кој ќе ги поддржи промените. Владата не им чинела. Онаа влада за која не гласавте на избори? Онаа влада за која не се гласаше на референдум. Онаа влада која пробаа да ја убијат и потоа истата ја свитка кичмата заради НАТО? Можеби и заради ЕУ.
Што направија медиумите од 25.000.000 евра на Груевски? Па критикуваа. Без трошка самокритика. Оти ако пробаш да погледнеш во себе, може и да не ти се бендиса тоа што ќе го видиш. Јееее рајт. Апотеоза на новинарот од пропаднатите весници на вмрото. Некои се свестија и понамалија. Штетата е направена.
И не. Не е работа на власта да се занимава со реформи на правосудството во сваровски судство кое ги има сите полуги да остане исто. Или сакавте истото да го направат како со референдумот. Или сакате да се повтори ВМРО само сега ќе се вика СДСМ. Или сакате вие да бидете таму каде течат 25.000.000 па кому иде. Се мислам.
Инаку. Да ми се фатите за фотељата што сама си ја купив. Колку ме плаќаат? МИЛИОН ДОЛАРИ. Колку ве плаќаат? Пааааа 25.000.000 евра на рати како плати. Кому колку се паднало.
Видана Бошкова Мицевска