ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кежаровски со повик до уметниците за хуманитарната изложба „5 минути до 12″

Новинарот Томислав Кежаровски ги повикува сите уметници, да земат учествуваат со своите дела во хуманитарната изложба што по повод Меѓународниот ден за заштита на човековите права  ќе се одржи на 10 -11 декември во МКЦ во Скопје

December 3, 2019 21:06
in КУЛТУРА, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарот Томислав Кежаровски ги повикува сите уметници, да земат учествуваат со своите дела во хуманитарната изложба што по повод Меѓународниот ден за заштита на човековите права  ќе се одржи на 10 -11 декември во МКЦ во Скопје. Тој преку својот Фејсбук профил го испрати следниот апел:

„До сите академски сликари, вајари, скулптори и самоуки сликари…
До сите уметници со добра волја

Почитувани Дами и Господа,
Почитувани пријатели,

Ве повикувам со свои дела да учествувате на хуманитарната изложба што по повод Меѓународниот ден за заштита на човековите права и Денот на УНИЦЕФ за заштита на децата, ќе се одржи на 10 и 11 декември во МКЦ.
Изложбата е насловена „5 минути до 12″.
Отварањето на изложбата е во 11.55 часот.

Организатор е Центарот за помош, поддршка и застапување на притворени и осудени лица.
Заради успешна организација и реализација на овој проект, Ви се обраќам Вам за поддршка, Ве замолувам да донирате слики и скулптури, со цел беспрекорно да го организираме настанот.

Средствата што би биле собрани од продажбата на делата ќе ги потрошиме за новогодишни подароци за деца чии родители се во притвор, или се на издржување на казна затвор, но и за подобрување на условите во институцијата.
Со Ваша поддршка Ве уверувам придонесувате за барем делумно, решавање на проблеми на ранлива категорија на луѓе.
Искрено се надевам дека ќе го поддржите овој значаен потфат.

Зошто го правам сето ова?
Додека бев во затвор се соочив со многу животни приказни. Тие што имавме малку поголеми деца отворено разговаравме со нив. Знаеја каде сме и зошто сме таму. Знаеја и дали сме сториле нешто, или не.
Оние, пак, другите, чии деца беа на пет или шестгодишна возраст, имаа проблем како да им објаснат каде се, што да им речат, што прават таму.

Тие беа принудени да лажат. Им велеа дека се на работа во Италија, Германија, или дека службено се во Турција и им ветуваа дека за Нова година одтаму ќе им купат пакетче, Дедо Мраз, кукла, топка…
Зошто тие малечки суштества, суштества со чиста душа, се виновни што нивните татковци или мајки, намерно или ненамерно сториле нешто, или можеби не сториле ништо, а мораат заради нечии зли намери да се таму?

Ете, ете затоа е овој хуманитарен настан…
Годините после излегувањето од затвор не стасав да ја спроведам оваа моја замисла. Се нешто ми искрснуваше на патот. Но, сега решив да одам до крај. Се собравме направивме здружение и ете не.
Знам дека ќе успеам. Нешто од внатре ми вели дека сум на вистинскиот пат.“

Своето учество до сега го најавија: проф. Фесим Хусковиќ, проф. Јана Манева Чупоска, проф. Ладислав Цветковски, проф. Стефан Јакимовски, проф. Антонио Арангеловиќ, Живко Поповски – Цветин, Ивана Настески, Невзат Кица, Ема Кушевска и Оливера Ивановиќ.“

Интересно е и она што ни се случи пред неколку дена, пишува Кежаровски и додава дека желба да учествува на хуманитарниот настан пројавил и македонскиот репрезентативец и фудбалер на италијанскиот Удинезе, Илија Нестороски.

Иле, фудбалерот на Удинезе, нашиот фудбалски репрезентативец. Оној, кого што италијанските медиуми, онака од милост, го нарекоа „ГРАНДЕ НЕСТОР”. Тој не може да стаса да нацрта нешто, иако има талент и за тоа, но затоа пак ни го испрати неговиот дрес и тој ке биде изложен. завршува Томче Кежаровски кој и самиот беше жртва на корумпираното обвинителство и судство.

 

Next Post

Владанка Димковска: Општество полно со љубов и разбирање, а не со омраза

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk