Задоволна сум од пресудата. Не очекував поголема казна бидејќи призна вина и до сега е неосудуван, рече шефицата на Одделот на ОЈО за борба против организиран криминал и корупција Вилма Рускоска по пресудата против третообвинетиот во „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец, пренесе Слободен печат.
– Може во доказна постапка во случајот “Рекет” Милески да биде повикан и како сведок на одбраната илина ОЈО – рече Рускоска.