ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Царовска: Реформата во пензискиот систем дава одлични резултати

Со јануарската пензија, пензионерите ќе добијат покачување од 700 денари, а до јуни усогласувањата, во просек, ќе ги зголемат пензиите за 900 денари, нагласи министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на денешната, попладневна, средба со пензионерите во нивното Здружение во Прилеп

December 5, 2019 19:33
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Со јануарската пензија, пензионерите ќе добијат покачување од 700 денари, а до јуни усогласувањата, во просек, ќе ги зголемат пензиите за 900 денари, нагласи министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на денешната, попладневна, средба со пензионерите во нивното Здружение во Прилеп, пренесе МИА.

Според Царовска, реформата во пензискиот систем дала одлични резултати со што се намалил дефицитот, а со порастот на минималната и на просечната плата, се создадоа услови за покачување на пензиите.

-Владата се грижи за сегашните, но и за идните пензионери. Реформата во пензискиот систем даде одлични резултати, со што заштедивме 3,7 милијарди денари во буџетот на пензискиот фонд. Тоа покажува дека дефицитот се намалува. Годинава имаше пораст на економијата, 15 отсто се зголеми минималната плата и пет проценти забележа пораст просечната плата. Тоа создаде услови и за зголемувањето на пензиите. Затоа воведовме трето, дополнително, усогласување кое ќе почне со исплатата на јануарската пензија (во почетокот на февруари). Сите пензионери ќе добијат по 700 денари. Воедно, пензионерите ќе ги добијат и дополнителните две усогласувања на пензиите, што до јуни наредната година зголемувањето просечно би изнесувало по 900 денари. На овој начин ја покажуваме грижата и за работоспособното население и за пензионерите, изјави Царовска.

Славко Трајкоски, претседателка на прилепското Здружение на пензионери рече дека првпат министер за труд и социјална политика е меѓу пензионерите да ги слушне нивните потреби и барања.

-Откако сум пензионер 11 години, првпат со нас е министер за труд и социјална политика за да разговараме за тековните потреби и активности на пензионерите. Секако, главните прашања на пензионерите се околу висината на пензијата. Пензионерите ги има во голем број и ги имаат своите прашања до министерката, рече Трајкоски.

За прилепскиот градоначалник Илија Јованоски многу е битно да се решаваат потребите што ги имаат пензионерите и во поглед на секојдневното живеење.

– За кусо време повторно сум со пензионерите и разговараме за нивните потреби во секојдневното живеење. Дискутираме за желбите и за потребите на прилепските пензионери. Освен пензиите, пензионерите ги интересираат условите за живот во градот како и активностите на јавните комунални претпријатија, рече Јованоски.

Во Прилеп, Кривогаштани и во Долнени се вкупно 14.530 пензионери, од нив, само во Прилеп, се 12 500.

Next Post

Пелоси: Трамп го погази Уставот и не ни остави друг избор, освен импичмент

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk